КАЛЕНДАР

2-4 ноември

Обука за интегрално раководење со проектен циклус
Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе организира обука за интегрално раководење со проектен циклус за 12 претставници на едини- ците на локалните само- управи од шест општи- ни. Обуката се спрове- дува во рамките на Програмата за оспосо- бување на заедниците и институциите и има за цел да продонесе кон развивање на капаци- тетите на лидерските групи на заедниците. Обуката ќе се одржи во Велес.

19-24 ноември

Обука за раководење со програма

МЦМС ќе организира обука за раководење со програма за претста- вници на здруженијата на граѓани.  На обуката, учесниците ќе се стекнат со основните знаења потребни за раководење со програма: планирање, организациско јакнење, финансиско раководе- ње, раководење со човечки ресурси и познавања од областа на личните вештини. Обуката ќе се одржи во хотелот Молика во Битола.

14 ноември

Конференција за кодексот на новинарите
Здружението на нови- нари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми во соработка со Меѓународната феде­ рација на новинарите, и финансиска поддршка од ИРЕКС-Промедија ќе одржи конференција за ревизија на кодексот на новинари во Македонија. Се очекува на Конфере- нцијата да биде прифат- ен новиот кодекс на новинарите. Конференцијата ќе се одржи во хотелот Холидеј ин во Скопје.

30 ноември и
1-2 декември

Обука за правата на детето
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” ќе организира обука за правата на детето за 20 членови на невладините организации. Обуката е дел од проектот „Заја- кнување на невладиното организирање за права- та на детето во РМ”, поддржан од ИТЗ.

 

1-2 декември

Обука за раководење со проектен циклус
Mакедонската развојна фондација за претпри- јатија ќе организира обука за раководење со проектен циклус за 20 претставници на земјо- делските здруженија. Со обуката ќе бидат опфатени проектните фази,  со посебен осврт на планирањето, разви- вањето на логичка рамка, пишувањето предлог проекти, креирањето буџет, оценувањето и извест- увањето. Обуката ќе се одржи во хотелот Молика во Битола.