Кампања на ОХО
Внимавај што купуваш - бирај оригинали
Граѓанската организација ОХО на 26 април започна со спроведување на јавната информативно-едукативна кампања “Внимавај што купуваш - бирај оригинали”. Кампањата има за цел да ја информира јавноста за придобивките од користењето оригинални производи и штетите што ги носат фалсификуваните производи. Во рамките на кампањата во дневните весници ќе се објавуваат серија текстови од еминенти експерти кои се однесуваат на различни аспекти на интелектуалната сопственост и нејзината важност, а таа е пропратена и со огласи во дневните весници, со радиоспотови, флаери, како и ТВ емисии и јавни дебати.
ОХО започнува и со креирање асоцијација Македонска асоцијација за заштита и промоција на интелектуалната сопственост-МАРКА. Целите на оваа асоцијација се: промоција и заштита на интелектуалната сопственост, обука и консалтинг за градење и заштита на брендови, а истовремено асоцијацијата треба да претставува и ресурсен центар за експертиза во ова подрачје. К.Б.
|