Нов проект на ПДАС “Меѓаши”
Училишно другарување во мултиетнички клубови
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” започна со раководење на проектот „Другарување низ мултиетничка соработка во мултиетничките клубови во 5 средни училишта во Скопје, во Тетово и во Куманово”.
Предвидено е развивање меѓуетнички дијалог и подобрување на соработката меѓу наставници и средношколците од различно етничко потекло и зајакнување на капацитетите на 5-те мултиетнички клуба во 5-те средни училишта во Скопје, во Тетово и во Куманово.
“Проект треба да придонесе за подобро разбирање и соработка меѓу наставничкиот персонал и учениците од средните училишта од кои три се во Скопје - ДСМУ ‘Панче Караѓозов’, ДСУ ‘Никола Карев’ и ДСУ ‘Цветан Димов’, едно е од Тетово - ДСМУ ‘Никола Штеин’ и едно во Куманово -ДСУ ‘Наце Буѓони’”, изјави Митко Ѓоргиев, координатор на проектот.
Проектот ќе трае 12 месеци, период во кој треба да се реализираат обуки за ненасилна разработка на конфликти, 12 работилници во Средното медицинско училиште во Скопје, активности за градење мир и подигање на јавното мислење, воспоставување мрежа на наставници за ненасилна разработка конфликти, да се публикува брошура за работата на мултиетничките клубови и да се организираат 5 курсеви за изучување на јазикот на малцинствата. Со обуките ќе се опфатат 20 наставници и 600 ученици од различна етничка припадност, активни во м ултиетничките клубови.
Проект финансиски е поддржан од Европската Унија преку Европската комисија во рамките на програмата „Европска иницијатива за демократија и човекови права” и од Министерството за образование - Управа за унапредување на јазиците на припадниците на малцинствата.
|
|