17 мај  

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ: Прет-ставување на "Балкан нет"

Четири невладини организации: Арктурос од Солун, Грција, Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА, Друштвото на еколозите на Македонија и Движењето на екологистите на Македонија, во Скопје ќе ги претстават активностите кои веќе неколку години се спроведуваат во рамките на регионалната НВО мрежа "Балкан нет", во која членуваат повеќе здруженија од Македонија, Грција, Југославија, Бугарија и Албанија.
Целта на оваа мрежа е да делува координирано за заштита на дивиот фонд и неговите хабитати во балканските држави. Презентацијата ќе започне во 11 часот, во Клубот на пратениците во Скопје, а гостин на овој настан ќе биде и Задружението за заштита на животните "Срна" од Скопје, кое ќе ја презентира својата иницијатива за донесување Закон за заштита на животните.