Албанија
Полицијата приведе двајца членови на движењето “Доста”
Граѓанската организација „Доста” одржа секојдневни протести поради моменталната енергетска состојба во земјата, пред зградата на Министерството за економија и енергетика во Тирана. На последниот протест била побарана оставка од министерот за енергетика, Генц Рули, била одржана мала претстава, а биле поставени и симболични цртежи со молитви за дожд. Полицијата привела двајца членови на „Доста” со образложение дека не ги најавиле протестите и не побарале дозвола. По неколку часа, биле пуштени на слобода.
извор: Oneworld
Г.Ш.
|
|