Светска банка

Квалитетно образование - решение за Латинска Америка

„Подобрувањето на способноста на студентите да учат е главниот предизвик на образованието во Латинска Америка”, велат од Светската банка, нагласувајќи ги придобивките стекнати со пристапот до образование во последните неколку години. „Сосема е јасно дека земјите кои инвестираат во квалитетно образование ќе создадат економија каква што им е потребна за да напредуваат во светот во иднина”, рече Памела Кокс, регионален директор во Банката.

За време на презентацијата на извештајот „Подобрено учење кај студентите во Латинска Америка: предизвиците на 21 век”, таа потенцирала дека зголемувањето на пристапот до образованието е добрата вест, а лошата е тоа  што неговиот квалитет останува еден од најлошите во светот. Тоа доведува до заклучок дека тоа не е доволно за намалување на сиромаштијата и економска нееднаквост на регионално ниво...