УНЕСКО

Слобода на информирање

УНЕСКО во рамките на својата Правна програма “ARTICLE 19”, неодамна објави книга која ги содржи законите за слободата на информирањето. Книгата со наслов “Слободата на информирањето: компа­ративно истражување на законите”, содржи меѓународни стандарди, истражувања и активности за подобрувањата во оваа сфера кои се однесуваат на државите од целиот свет.

Посебни 10 глави се однесуваат на Бугарија, Индија, Јапонија, Мексико, Пакистан, Јужна Африка, Шведска, Тајланд, Велика Британија и САД, како и две на меѓународни орга­низации – УНДП и Светската банка, каде се прикажани законите и практиките на нивно спроведување.

Оваа книга е достапна и во електронска форма, на веб-страницата www.article19.org/docimages .

М.И.