ПИСМА


Почитувани пријатели, Пред Вас е новиот Граѓански свет, нов не само заради тоа што е ново издание, туку и поради тоа што за прв пат се појавува на 24 страници и со неколку нови рубрики. Интегрираното гледање на граѓанското општество, излегувањето од рамката Македонија, го пресликуваме и на стра­ниците на нашето и ваше списание. Мислиме дека на овој начин, со вклу­чувањето на текстовите од Балканот, од Европа и од светот, ќе овозможиме една поширока слика на секторот во кој работиме, а кој не може да се гледа изолирано во рамките на само една држава, посебно не денес кога се во тек сите процеси на инте­грација.

Во новата рубрика што ја нарековме “луѓе” ќе се обидеме да презентираме некои од актерите на секторот на еден поинаков начин.

И, уште една нова рубрика во Граѓанскиот свет е онаа што ќе не води низ историјата на граѓанското општество. Нашиот сектор има историја, а на неа не е лошо понекогаш да се навратиме.

Се надевам дека ќе уживате читајќи ги новите содржини на Граѓански свет.


Сашо Клековски, Главен и одговорен уредник