Исмаил Крифца
Да ги премостиме разликите
Професионално искуство
Преведувач веќе околу 10 години.
Ангажирање во граѓанскиот сектор
Моето ангажирање во граѓанскиот сектор започна некаде во 1994 година со зачетоците на Здружението за граѓанска иницијатива. Продолжи преку разни невладини и хуманитарни домашни и странски организации (НДИ, ЦРС, ОДА...), преку моето ангажирање во текот на косовската криза на бегалците во камповите (ИЦРЦ), заклучно со моето ангажирање во Граѓанското движење „Разбуди се!”, Скопје, каде сум член на Извршниот одбор одговорен за односи со јавноста.
Хоби и интереси
Пред с$, би истакнал патување, читање, учење јазици, музика, дружење, квизови и слично.
Најтешка одлука
Можеби во животот и не сум имал многу такви настани да морало да донесам некоја посебно тешка одлука, така што не би можел да издвојам нешто посебно.
Амбиции
Да успееме еден ден на Европа и на светот да им докажеме колку навистина вредиме како луѓе и експерти и дека навистина заслужуваме да бидеме дел од цивилизираното општество.
Во слободното време чита
Речиси секаков вид литература, домашна и светска, која успевам да ја добијам, вклучително и стручни списанија и весници (читањето ми е една од опсесиите во животот).
Каде оди во слободното време
Слободно време имам с$ помалку и помалку, но се трудам и тоа да го поминам со моите пријатели и блиски и посебно со моите две внуки, Арба и Фјола.
За време на викендите
Кога успевам, тогаш ги користам тие денови да излезам надвор од Скопје, пред с$ во родниот град Дебар.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Невработеноста и корупцијата. Пред с$, мислам дека решавањето на овие проблеми ќе придонесе Република Македонија најбргу да фати чекор со другите европски и светски држави.
Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?
Тероризмот и глобалните еколошки проблеми. Претполагам дека нема потреба од повеќе елаборирање за нив.
Што би променил/а во Македонија и во светот?
Свеста на граѓаните дека тие можат да придонесат многу за подобрувањето на нивниот начин и стандардот на животот и освестувањето на нашите политичари (од врвот надолу) дека светот не е создаден само за тие четири години додека се на власт.
Совет/порака
Со меѓусебно подобро запознавање да успееме да ги премостиме разликите и непознаниците помеѓу себе за да можее да живееме како вистински пријатели, а пред с$, како луѓе.
Никогаш не би можел/а
Не би можел никогаш да му посакам лошо на другиот за да успеам самиот во животот и да замразам кога било само затоа што не го познавам добро.
|
|