ХЕРА
Секси маало
Здружението ХЕРА го издава списанието “Секси маало”, како дел од проектот за млади “Имам право да знам”. Списанието им е наменето на младите и во него се пренесуваат информации поврзани со болеста ХИВ/СИДА на оригинален и близок начин на младите. Списанието излегува на секои два месеци, со поддршка на ИППФ ЕН (Интернатионал Планнед Парентхоод Федератион ИППФ ЕН) и со спонзорство на Владата на Германија.
УНДП
За фискална транспарентност…
Со поддршка на УНДП – Програмата за меѓународен развој на ООН, издадена е брошурата со наслов “Примери за добри практики за фискална транспарентност”. Брошурата е издадена во рамките на проектот “Зајакнување на институциите за локална самоуправа во Македонија преку развој на капацитетите, транспарентноста и финансиската отчесност”, кој го финансира УНДП во соработка со Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за државни службеници на Македонија.
ЗА ДЕЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Совети за подобар третман
Здружението на родителите на децата заболени од церебрална парализа ја издаде брошурата со наслов “Едукативни совети за подобар третман на децата со церебрална парализа”. Во неа можат да се најдат текстови од стручни лица (педијатар, физијатар, ортопед, физиотерапевт), како и други информации корисни за родителите. Брошурата е финансирана од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Швајцарската агенција за меѓународен развој.
|
|