ГРАД СКОПЈЕ

Информативна веб-страница

Информации за Скопје можат да се најдат на веб-страницата на Градот: www.gradskopje.net.mk, изготвена од Мета­морфозис, со финансиска поддршка на ФИООМ.

На оваа веб-страница, која има македонска, албанска и англиска верзија, можат да се најдат новости од градскиот живот, активности и проекти на Градот, општи и деловни инфор­мации, како и информации за НВО.

На веб-страницата, исто така, може да се најде Студијата за равој на туризмот во градот, како и податоци за еврорегионот, во кој влегуваат Скопје, Ниш-СР Југославија и Софија-Бугарија. И, секако, тука се и информациите за кината и театрите, транспортот, дневниот печат, мапата на градот…