Реакција на повеЌе граЃански организации, медиуми и институции по повод Директивата ЕБ(2004) 05 на Советот на Европа

„Кажи Македонија“

“Кажи Македонија” – е наслов на кампањата што во земјава започна на 19 март под иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот Евро Балкан, Економскиот институт, Инсти­тутот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за социо­лошки и политичко-правни науки, ОХО, Транспарентност Македонија, Сојузот на историчарите, Фондацијата Институт Отво­рено општество Македонија (ФИООМ), неколку дневни весници и институции. Кампањата е реакција на Директивата ЕБ (2004) 05 на Советот на Европа од 2 март 2004 година за употреба на референцата “Бивша Југословенска Република Маке­донија” и за лицата кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа.

Организаторите на “Кажи Македонија” потенцираат дека референците директно ги напаѓаат идентитетот, традицијата и култу­рата на македонската нација, што е во спротивност со меѓународните стандарди и принципи. Граѓаните на Македонија до Советот на Европа и до неговите прет­ставници преку кампањата испраќаат порака дека Директивата е несоодветна и непри­фатлива.

Во дневните весници Дневник, Утрински весник и Вест, на 20 март, беа инсертирани “честитки” со протестна содржина, кои по избор може директно да се адресираат до Советот на Европа или до Канцеларијата на Советот на Европа во Македонија. Од 24 до 26 март, на влезот кон плоштадот Македонија во Скопје, траеше акцијата за јавно испра­ќање на разгледниците и јавно потпишување на протестното писмо. Тогаш “честитки” со протестна содржина испраќаа поли­тичари, бизнисмени, пејачи, артисти, спортисти и многу заинтересирани граѓани.

“Упатив ‘поздрав’ до Советот на Европа во Стразбур и во Кан­цела­ријата во Скопје од Македонија на кирилично писмо и во загради, на англиски јазик, потенцирав дека тоа е напишано на македонски јазик. Идејата е одлична, но, можеби треба да имате поголема поддршка и од владиниот сектор”, изјави Жидас Даскаловски, еден од граѓаните кои го оставија својот протестен потпис.

За време на викендот, на 27 и 28 март, акцијата се прошири во Градскиот парк во Скопје, а од 29 март и во целата земја. “Ние сме Македонци, сме се родиле во Македонија и зборуваме македонски. Тоа е нашата порака до Стразбур” изјавија  Ивица Најдовски и Сандра Петровска.  

До г. Јан Клејсен (Јан Клеијссен), директор на Канцеларијата на генералниот секретар на Советот на Европа, беше упатено и отворено протестно писмо, во кое се бара повлекување на Директивата и почитување на основниот принцип на Советот на Европа, односно почитувањето на човековите права да продолжи да биде основна насока во рабо­тата на оваа организација. “Ниту меѓународното право, ниту етиката, не &  дава за право на некоја организација или на друг субјект во рамките на меѓународната заедница да одлучува за идентитетот и потеклото на една нација”...,  се  истакнува меѓу другото во протестното писмо.

Со Директивата ЕБ (2004) 05 на Советот на Европа од 2 март 2004 година на членките на Советот на Европа, на Европ­скиот парламент, на европските локални и регионални власти, на Европскиот суд за човекови права и на независните набљудувачки механизми, им се препорачува земјава да се нарекува “Бивша Југословенска Република Македонија”, каде што наводниците се составен дел од името; Придавката или националноста да се додадат на името “Бивша Југословенска Република Маке­донија”. Пр., Влада на “Бившата Југо­словенска Република Македонија”, Полиција на “Бившата Југословенска Република Македонија”, граѓанин на “Бившата Југо­словенска Република Македонија”;

Придавката што се однесува на културата да биде македонска (словенска). Пр., маке­донска (словенска) традиција, македонска (словенска) култура, македонска (словенска) организација, македонско (словенско) школо;

Јазикот – македонски (словенски);

За лицата или групите кои припаѓаат на малцинството или кои зборуваат јазик на малцинството надвор од земјата – Маке­донец/и, придружено со фуснота на која се појаснува дека тоа е “терминологија на самоидентификација на лицето што го употребува тоа име”;

Националност – Македонец (Словен).

Организаторите ги повикуваат сите граѓани на РМ, владини и невладини организации и установи во земјава да ја поддржат оваа иницијатива и отвореното протестно писмо.

Повеќе информации можете да најдете на нашата веб-страница, њњњ.граганскисвет.орг.мк; њњњ.цивицњорлд.орг.мк, или директно да се обратите кај некои од организаторите.

 

                Даниел Медароски