Тема: Трет Светски социјален форум, Порто Алегре, 23 – 28 јануари 2003 година

Поинаков свет е возможен 

Сашо Клековски

Во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул во градот Порто Алегре од 23 до 28 јануари 2003 година, по трет пат, се собраа голем број организации и движења на цивилното општество на Светскиот социјален форум (ССФ). Светскиот социјален форум обезбедува отворен простор за стотици дебати, се­минари, работилници во кои учествуваат десетици илјади учесници и делегати. Овој трет по ред форум ги надмина сите претходни по учеството.


Подготовки за маршот на солидарноста

Моето учество на ССФ верувам не беше само прво учество за мене и за Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), туку и прво учествуво на претставник од Македонија. Кога партнерот на МЦМС, холандскиот ИЦЦО (ICCO), ме покани имав навистина малку сознанија за Форумот. По впечатоците стекнати таму сакам да ги споделам и да помогнам во запознавањето на македонските граѓаниски организации и јавноста со овој значаен настан.

Марш на солидарноста

Форумот започна на 23 јануари со Марш на солидарноста. Маршот започна на плош­тадот пред општинската зграда на Порто Алегре. Учесниците поминаа околу осум километри до големиот отворен простор каде се одвиваше свеченото отварање.

Во маршот учествуваа околу 150.000 луѓе. Различни групи ги презентираа своите каузи со транспаренти, скандирање, пеење или во бразилски карневалски стил со маски и игра. Немаше што немаше. Некои десничари, како Пангалос, навредливо тоа го нарекуваат „сталинисти, педери и Славомакедонци“. Всушност, на Маршот имаше голем број левичарски групи и синдикати, антивоени здруженија од Јужна Америка, до Кореја и Израел, црквени организации, женски и феминистички групи, групи за сексуална различност, обесправени малцинства од кои највидливи беа групите за поддршка на Палестина.

Што е Светски социјален форум?
Светскиот социјален форум е отворен простор за средби за размислување, демок­ратска дебата на идеи, формулација на предлози, слободно споделување искуства и вмрежување за ефективна акција, на групи и движења од цивилното општество, кои се спротивставуваат на неолибарализмот и свет доминиран од пари и која било форма на империјализам и се посветени на градење планетарно општество насочено кон пло­дотворни односи меѓу луѓето и меѓу нив и Земјата. ССФ е перманентен процес во потрага и градење алтернативи коишто не можат да се редуцираат на настаните што ги под­држу­ваат. ССФ е светски процес. ССФ ги доведува заедно и меѓусебно ги поврзува само организациите и движењата на цивилното општество од сите земји на светот, но нема намера да биде тело кое го претставува светското цивилно општество. Средбите на ССФ не се средби на ССФ како тело и затоа никој нема право да изразува ставови тврдејќи дека се ставови на сите учесници. Ставовите декларирани од една група или од група органзиации ССФ без цензура и рестрикција ќе ги дистрибуира како ставови на таа или на тие организации.

Маршот предизвика блокада на сообраќајот во градот. Возачите и патниците трпеливо чекаа да заврши маршот. Полицијата дис­кретно беше присутна. Но и покрај при­сусуството на толку различни групи, не забележав ниеден инцидент или проблем.

Форумот

Форумот се одржуваше на повеќе локации во градот. Конференциите се одржуваа на стадионот Гигантино (седишта за 15.000 учесници). Најголем број дебати и работил­ници се одржуваа на Јавниот католички универзитет во Порто Алегре. Покрај тоа, имаше и неколку магацини на градското пристаниште адаптирани во сали за средби. Главното плато каде што се одвиваше све­ченото отворање и обра­ќањето на бразил­скиот прет­седател Лула, имаше капа­цитет за околу 200.000 луѓе. Учесниците беа смес­тувани во хотели и по 200 км од­далечени од Порто Алегре. Учесниците на Светскиот младински форум главно кампуваа во по­себно напра­вен камп за таа цел. Градот имаше обезбедено бесплатни автобуски линии кои овоз­можуваа лесно префлање на разните локации на Форумот.

Во неколку дена (24 до 27 јануари) се одржаа повеќе стотици кон­ференции, дебати, трка­лезни маси, рабо­тилници.

Конференциите се најголемите настани и се наменети за поширока публика на Форумот. Се одржува барем една конфренција по тематско подрачје. Конференциите се одржу­ваат на стадионот Гигантино (кошар­карски стадион за околу 15.000 луѓе). Некои од те­ми­те беа: Фундаментализмот и нето­леран­цијата, Медумите и гло­бализацијата, Киното и политиката: против хомогенизација на имагинацијата и др. Една од најимпресивните секако беше конференцијата „Како да се издржи Империјата“ (How to stand up the Empire) каде главен излагач на панел-дискусијата беше Ноам Чомски од САД. Во преполната сала со околу 15.000 луѓе Ноам Чомски ја анализира врската меѓу војната и меѓународната трговија со оружје. Тој преку примерите на Турција и Колумбија, пора­нешениот и сегашениот прв увозник на оружје од САД,  воспостави јасна врска меѓу масовното кршење на човековите права  и трговијата со оружје.


Конференција „Како да се издржи Империјата“

Најголем дел од настаните, со исклучок на конференциите, се децентрализирани и во одговорност на организацијата-предлагач и организатор.

ССФ во опозиција на СЕФ
Светскиот социјален форум (ССФ) за првпат се собира во градот Порто Алегре, федерална единица Рио Гранде до Сул во Бразил, од 25 до 30 јануари 2001 година. Целта е да се застане во опозиција на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, Швајцарија. Од 1971 година Светскиот економски форум игра стратешка улога во формулација на идеи и мисли кои ги промовираат и застапуваат неолибералилните политики во целиот свет. Организациски СЕФ е швајцарска фондација која функционира како советодавно тело на ООН и е финансирана од повеќе од 1.000 мултинационални корпорации.

Меѓу големиот број настани можеа да се најдат значителен број посветени на трго­вијата и корупцијата. Значителен е отпорот на начинот на кој трговската либерализација се прави од страна на Светската трговска органзиација (СТО), или како се распоредува добивката во меѓународната трговија. Коруп­цијата во сите сфери имаше значителен простор. Пример, во организација на Ле монд беше организиран панел „Етиката и транс­парентноста во информациите“.

Иако најголем дел од настаните беа со англиски превод, надвор од тоа кому­ни­кацијата на англиски јазик претставуваше проблем. Најголем број од учесниците беа од португалското, шпанското и француското говорно подрачје, а локалното население говори португалски, со мало разбирање на романската група јазици.

Глобализација на солидар­носта

Светскиот социјален форум ја декла­рира убеденоста дека „поинаков свет е воз­можен“. Алтернативите кои се пред­лагаат на ССФ стојат во опо­зиција на процесот на гло­бализација под команда на големите мулти­национални корпорации и на владите и меѓу­на­родните институции подредени на овие кор­по­ра­циски интереси. Алтернативите треба да обезбедат “гло­ба­лизацијата на соли­дарноста” да надвладее како нов период од светската историја. Тоа треба да биде засновано на почитување на човековите права и на сите граѓани – мажи и жени – на сите нации и на околината.


Антиимперијалистички демонстранти

Организација и партнери (поддржувачи) на ССФ Организатор на ССФ е Меѓународниот комитет и Бразилскиот оргнизациски ко­митет. Партнери (поддржувачи) на ССФ на ССФ се:
- повеќе познати агенции како ЕЕД (Гер­манија), ИЦЦО и Новиб (Холандија), Фондацијата Форд (САД), ЦЦФД (Фран­ција), Оксфам (В. Британија);
- бразилски институции како Гувернерот на Рио Гранде до Сул (Бразил), Општината Порто Алегре и Министерството за руди и нафта;
- медиумски установи како Ле монд дипло­матик, РИТС.

Највидливи се разните левичарски групи, вклучувајќи и екстремни групи и марксисти. Публикации, маици и беџеви со Че Гевара или бразилската Работничка партија беа насекаде. Спак, во Форумот е значително влијанието на христијанските движења и агенции, како левите католички движења од Јужна Америка или протестанските групи за солидарност од Европа. Иако анти­импе­­ријалистичките настапи на моменти добиваа отворен антиамерикански тон, Форумот е поддржан од организации од САД (пр. Фондацијата Форд), а учесници од САД, како Ноам Чомски, беа меѓу најпрестижните.


Форумот и Македонија

Форумот помина речиси незабележано меѓу македонските граѓански организации и ме­диуми. Ова година ССФ го покриваа 4.094 новинари од 1.423 редакции од 51 земја.


Подготовка на камче за мозаикот на СФФ

Да тврдиме дека ССФ не е релевантен за нас, е многу тешко. Не е можно дебати за СТО и светската трговија во моменти кога Маке­донија склучи договор за членство во СТО да не се релевантни за нас. Дебати во кои може да се добие искуството на земјите и групите како земјоделците кои трпат последици од трговската либерализација.

Веројатно за Македонија е многу важно да се слушнат мислењата и искуствата на оние кои не мислат дека СТО, ММФ, СБ и сл. се единствените можни патишта.

Релевантноста на темите е само дел од потребата. Јас, како и повеќето учесници од Источна Европа, кои живееме во земји каде имаме многу малку надежи во “поинаков свет”, добивме значителна инспирација и охрабрување.

Затоа се надевам дека во иднина маке­донските граѓански организации ќе најдат начини за следење на регионалните, европ­ските и глобалните трендови и настани.

ССФ низ статистики

                                              Прв ССФ                 Втор ССФ                Трет ССФ 
                                                2001
г.                     2002 г.                     2003г           

Учесници (приб.)                 20.000                     50.000                     125.000           

Делегати                                 4.702                     12.274                       20.763             

Организации-учеснички            -                           4.909                         5.717               

Држави                                      117                          123                             156  

Новинари                                1.870                      3.565                         4.094               

Дебати, работилници и сл.    420                         745                             - 

 

Методологија на ССФ
ССФ работи на пет тематски подрачја, и тоа:
- Демократски одржлив развој; - Принципи и вредности, човекови права, различност и еднаквост;
- Медиуми, култура и противхегемонија;
- Политичка сила, граѓанско општество и демократија;
- Демократски светски ред, борба против милитаризација и промоција на мир.
ССФ вклучува: конференции, панел-де­бати, сведоштва, дијалог и тркалезни маси за контроверзни прашања, семинари, работил­ници. Се одржуваат и тематски и регионални форуми (како Европскиот социјален форум).
Паралелни настани со ИИИ ССФ беа ИИИ Форум на локални власти, ИИИ Светски парла­ментарен форум, Светскиот обра­зовен форум, Светскиот форум на судиите, ИИ Светски форум на син­дикатите, Светскиот младински форум, Форумот за сексуална различност – Планета на вино­житото.