Младинските организации и референдумот

Коалицијата Отворено друштво повика на гласање

Во Инфоцентарот, на 4 ноември, се одржа прес конференција на “Отворено друштво”, коалиција на младински ЗГ и младински поединци, каде беше искажана нивната поддршка за претстојниот референдум за територијална организација, одржан на 7 ноември. Стевче Дечев, претставник на Детскиот парламент на Македонија, рече дека “Отворено друштво” е коалиција која е основана минатата година, за време на НВО Саемот во Скопје, од страна на 3 организации како иницијатори, со отворена можност за пристап и на други. Повикот за поддршка на референдумот го поддржаа 115 граѓански организации и поединци, а во него, меѓу другото,  стоеше “ние младите длабоко веруваме во демократскиот концепт на активен граѓанин. Затоа да излеземе и да гласаме, зашто секој глас е одлучувачки. Референдумот не е насочен против никого и не е еднонационален”.

Коалицијата ги повика граѓаните на Македонија масовно да излезат на референдумот.                                                                

Г.Ш.