ПРОГЛАСЕНИ ГОДИНЕШНИТЕ ЛАУРЕАТИ НА МЦМС

Поддршка на позитивните примери околу нас

Трет пат по ред, активностите на граѓанските здруженија, поединците, институциите, претпријатијата и другите субјекти во нашето општество, ги добиваат Наградата за граѓанско општество и демократија или Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”, за своите постигнувања во претходната година. Со нив се сака да се поттикне нивната храброст и ангажираност, но и да се истакнат позитивните примери и нешта кои се случуваат околу нас

Г. Боге Чадиновски, “Алкалоид” од Скопје, А1 Телевизија, Македонското женско лоби, еколошкото друштво “Роса” од Чашка и здружението на граѓани “Натира” од Отља, Липково – секој на свој начин ги заслужија Наградата за граѓанско општество и демо­кратија или Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”, што веќе тра­диционално ги доделува Македонскиот центар за меѓународна соработка, за по­стигнувања во претходната година и за долгогодишен придонес. Све­ченото до­делување на наградите, кое се одржа во скопскиот хотел “Холидеј Ин”, привлече многу гости и новинари, кои од година во година покажуваат с$ поголем интерес за оваа, кај нас единствена награда од овој вид.

Како што на свеченоста рече г. Сашо Кле­ковски, извршен директор на МЦМС, овие награди се признание на храброста и посветеноста на многу граѓани и организации во изградбата и поддршката на демо­кратските вредности, на граѓанското оп­штество и на одржливиот развој. Награ­дите се доделуваат од фондот што го основа МЦМС откако и самиот во 1998 година доби мошне престижно признание – Наградата за демо­кратија и граѓанско општество, од Европската Унија и САД.

Трет пат по ред, активностите на граѓанските здруженија, поединците, институциите, претпријатијата и разните други субјекти во нашето општество, ги добиваат овие награди, за своите постигнувања во претходната година. Со нив се сака да се поттикне нивната храброст и ангажираност, но и да се истакнат позитивните примери и нешта кои се слу­чуваат околу нас.                            

М.И.

 

НАГРАДА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ “ХЕРТ ЈАН ВАН АПЕЛДОРН” ЗА ДОЛГОГОДИШЕН ПРИДОНЕС – БОГЕ ЧАДИНОВСКИ
Поддршка на правата на лицата со хендикеп

Г. Боге Чадиновски е добитник на Наградата за промоција и поддршка на правото за одржлив развој, за промоција и поддршка на правото на лицата со хендикеп да учествуваат, да придонесуваат и да уживаат во континуиран економски, социјален,  културен и политички развој, во кој во потполност ќе ги остварат своите човекови права и фундаментални слободи. Г. Боге Чадиновски придонесува во создавањето на законска рамка потребна за остварување на правата на лицата со хендикеп; во подготовка на национални стратегии; како и во политиката за деинсти­туционализација на лицата со хендикеп за постигнување на нивна целосна интеграција во општеството. Г. Боге Чадиновски при­донесува во вклученоста и во соработката со граѓанските организации.

Г. Боге Чадиносвки дава придонес и во други подрачја, особено во координацијата на хуманитарниот одговор на кризите во 1999 и во 2001 година.

Профил

Г. Боге Чадиновски е роден во 1943 година, во с. Буринец, струшко. Завршува дефектологија во Универзитетот во Загреб, во 1978 година. Од 1968 до 1980 година работи како дефектолог во Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци-Скопје. Од 1981 год. работи во Министерството за здравство и социјална политика, сегашното Министерство за труд и социјална политика, каде работи на прашањата од социјална заштита, особено за унапредување и за развој на лицата со посебни потреби. Придонесува во законите за детска заштита; за социјална заштита; за вработување на инвалидни лица; за цивилните инвалиди од војната; во Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со хендикеп во Република Македонија и друго. Ја води Националната хуманитарна координација во 2001 година.

 

НАГРАДА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА ЗА ЈАВНОСТ И ИНФОРМИРАЊЕ И/ИЛИ СОРАБОТКА – ЗГ “НАТИРА”
Зацврстување на соработката во граѓанскиот сектор

Македонскиот центар за меѓународна соработка на Здружението на граѓани “Натира” од  с. Отља, Липково, му ја доделува Наградата за граѓанско општество и демократија за јавност и информирање и/или соработка. “Натира” е добитник на наградата за јавност и информирање и/или  соработка  за градење  врски, мрежи, размени, комуникација меѓу организациите во граѓанскиот сектор и со државниот и со приватниот сектор. “Натира” придонесе за зголемување и зацврстување на соработката во граѓанскиот сектор (Регионалниот НВО Ресурсен центар Куманово) со општините Куманово и Липково и со локалните заедници во Липково.

Профил

Здружението на граѓани “Натира” с. Отља, Липково е основано во 1997 година. Цел на “Натира” е научно-истражувачка, апликативна и образовно-едукативна мисија од доменот на економијата и социологијата на заштита на човековата средина. Дејствува на Липковско-кумановската регија. Досегашни постигнувања: изградба на водовод во с. Отља и активности за враќање на довербата.

 

НАГРАДА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ “ХЕРТ ЈАНВАН АПЕЛДОРН” ЗА ПОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА – АД “АЛКАЛОИД”
Производство во хармонија со природата

АД Алкалоид е добитник на Наградата за одржлив развој, за промоција и за поддршка на одржливиот развој, во кој експлоатацијата на ресурсите, насоките на инвестициите, ориентацијата на технолошкиот развој и институционалната промена, се во хармонија и овозможуваат сегашните и идните потенцијали да ги задоволат човековите потреби и аспирации.

Алколоид, реализирајќи ги во практика стратегијата и политиката за животна средина, како и Акциониот план за заштита на животната средина, е прва компанија која започна со спроведување на стандардите за управување на животната средина во Македонија и претставува пример за позитивен пристап во решавањето на аспектите на животната средина.

Профил

Алколоид во 2002 година:
- Го доби сертификатот за Систем на управување на животната средина (ЕМС) според ИСО 14001 за ПЦ Фармација (за ПЦ Билкарство во 2000 година);
- Со официјалното завршување и  ставање во функција на двете нови фармацевтски фабрики, реализирани се значајни инвестициони зафати од споменатиот план: современи системи за климатизација и отпрашување, централи за откривање и за дојава на опасни гасови, системи за производство на висококвалитетна технолошка вода, комплетна опрема која обезбедува ефикасна противпожарна заштита;
- Го започна Проектот за фазно напуштање на ЦФЦ 11/12 во производството на аеросоли, што е дел од Националната програма за заштита на озонската обвивка.

Во 2002 година поголем број алкалоидови вработени учествуваа на низа семинари и работилници од областа на управувањето и заштитата на животната средина. Алколид АД остварува и соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

НАГРАДА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА ЗА ПОСТИГНУВАЊА ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА – МАКЕДОНСКО ЖЕНСКО ЛОБИ
За надминување на половите разлики

Македонскиот центар за меѓународна соработка на Македонското женско лоби (МЖЛ) му ја додели Наградата за граѓанско општество и демократија  за постигнување во претходната година.
Македонското женско лоби е добитник на наградата за промоција и заштита на човековите права, за промоција и заштита на правата на жените. МЖЛ придонесе во промена на законската регулатива за избор на пратеници (членот 7 во Законот за избор на пратеници), со која се обезбедува задолжителна родова квота од 30%. Тоа придонесе за зголемување на учеството на жените во политиката и во јавниот живот преку зголемување на бројот на жените во Собранието од 6,6% во 1998 година на 18,3% (22 од 120) во 2002 година. Вредноста на МЖЛ е уште поголема со тоа што жените, преку заедничкото работење, успеаја да ги надминат своите политички, верски и етнички разлики, обединувајќи се околу прашањата од заеднички интерес. 

Профил

Македонското женско лоби е основана на 1 март 2000 година, како неформална група на жени од различни структури (НВО-и, политички партии, владини структури, медиуми, синдикат, независни инте­лектуалки), со различна етничка, верска и политичка определба. Цел на МЖЛ е поголемо учество на жените во политиката и во јавниот живот, особено на местата на одлучување и родова рамноправност во сите сегменти на општествениот живот. Досегашни постигнувања се: кампања за повеќе избрани  жени на локалните избори 2000 (50% повеќе избрани советнички и првите три градоначалнички); дона­торски конференции за проекти од женските НВО-и во 2000 и во 2001 (со поддршка од Институтот отворено општество - Македонија и УНДП); кампања за повеќе избрани жени на парламентарните избори 2002; формирање Клуб на парламентарки во март 2003 и други активности.

 

НАГРАДА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА ЗА ДОЛГОГОДИШЕН ПРИДОНЕС – А1 ТЕЛЕВИЗИЈА
Промоција на независни и одговорни медиуми 

Македонскиот центар за меѓународна со­работка на А1 Телевизија & ја додели  Наградата за граѓанско општество и демо­кратија за долгогодишен придонес.
ТВ А1 е добитник на наградата за поддршка на демократијата и на доброто владеење за промоција на независни и одговорни меди­уми и за слобода на печатот. А1 е првата независна телевизија која во 1993 година го започна процесот на плурализација во медиумите. А1 придонесе за јакнење на одговорноста на јавниот, на приватниот и на граѓанскиот сектор.

А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.

Во 2000 година, Информативната програма на А1 ја доби наградата за објективно информирање од Здружението на нови­нарите на Македонија.

Профил

А1 започна со емитување на програма на 22 јануари 1993 година.
Цели на А1 се: брзо и навремено инфор­мирање, вистинска информација и про­фесионалност. Тие се темелат врз:  храброст - информативниот пристап темелен врз непристрасноста, независноста, објек­тивноста, вистинитоста, самостојноста во работењето; креативност - можност за авторско изразување (проекти и начини на изразување што се за првпат применети во земјата); гледачите - оние за кои постои овој медиум и чие мислење е основа за неговата работа.

 

НАГРАДА ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА ЗА ЈАВНОСТ И ИНФОРМИРАЊЕ И/ИЛИ СОРАБОТКА – ЕД “РОСА”
Развој на локалната заедница

Македонскиот центар за меѓународна сора­ботка на Еколошкото друштво “Роса”, ос село Чашка, му ја додели Наградата за граѓанско општество и демократија за јавност и информирање и/или соработка

“Роса” е добитник на наградата за јавност и информирање и/или  соработка за градење  врски, мрежи, размени, комуникација меѓу организациите во граѓанскиот сектор и со државниот и со приватниот сектор. Роса го реализира Акциониот план на заедницата со основање на граѓански комитет составен од граѓани на општина Чашка, членови на НВО - секторот, локалната самоуправа и приватниот сектор.

Профил

Еколошкото друштво “Роса” од Чашка е формирано на 25.06.1997 г., а регистрирано е на 20.01.1999 год. Целта на Роса е едукација за подобра животна средина и создавање на услови за добро живеење. Досегашни постигнувања се: “СТОП” за меѓунационалните тензии; “Чиста средина”; “Солза”; “Алеја”; “Да чекориме напред”а и други програми.

 

Луѓе и организации кои оставаат трага

Добитници на Наградата за одржлив развој Херт Јан ван Апелдорн во 2001 го­дина, за постигнувања во претходната година, им беше доделена на Холдинг компанија “Комуна” АД Скопје и на здружението на граѓани “Полио Плус” од Скопје.
Добитници на Наградата за одржлив развој Херт Јан ван Апелдорн во 2000 година беа г. Јосиф Таневски, за долго­годишен придонес и г-ѓа Кристина Диконсон, за постигнувања во прет­ходната година.
Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија во 2001 година беа Фондацијата Институт отворено општество Македонија, за долгогодишен придонес и ХДЗР Месечина Гостивар, за постигнување во предходната година. Наградата за јавност и информирање и/или  соработка му е доделена на Град Скопје.
Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија во 2000 година беше Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Скопје, за долгогодишен при­донес.