ЕКУМЕНСКА ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА – ЕХО
Успешна работа на ѓаконскиот и волонтерскиот центар
Екуменската хуманитарна организација - ЕХО е хуманитарно, неполитичко и непрофитабилно здружение на граѓани основано на 28 април 1998 година. Како агенција за помош и развој, неа ја сочинуваат Обединетата методистичка црква, Реформираната христијанска црква, Словачката лутеранска црква, Христијанстата евангелистичка црква и Грчката католичка црква.
ЕХО е следбеник на Екуменската хуманитарна служба, основана на 19 февруари 1993 како имплементирачки партнер на Светскиот црковен совет во регионот, во периодот на конфликт и суперинфлација, со цел да обезбедува хуманитарна поддршка на оние на кои им беше најпотребна во Војводина и е сведок на екуменското ангажирање на црквите во регионот. Како црковно-заснована агенција/НВО таа поддржува екуменска соработка, ѓаконска работа, социјален развој и брзо регира на основните човекови потреби преку имплементација на различни проекти и иницијативи во тие полиња на активност. Активностите на ЕХО придонесуваат кон личниот развој, економската независност, човечкото достоинство и поголемо самовреднување помеѓу социјално ранливото население во Војводина.
Во текот на оваа година се работи на 4 програмски области, преку спроведување 15 проекти. За клучни програмски области/проекти/активности на ЕХО се сметаат:
1.Ѓаконија (добротворна работа на црквите) 2. Екуменска соработка 3. Хуманитарна и итна помош 4. Социјален развој
Ѓаконски центар
ЕХО се смета за широко признаена пионерска, хуманитарна невладина агенција на Војводина. Нејзиното најголемото влијание на тој простор беше поддршката на граѓанското општество. ЕХО користеше материјална помош како можност да учи и подучува лекции за потребата од граѓански иницијативи, а и денес е пионер во обезбедувањето оригинални и креативни одговори на социјалните проблеми. Проектот на Ѓаконскиот центар е пример на еден таков одговор и е единствен проект во регионот. Покрај оживувањето на Христијанска црковна работа во своите 90 ѓаконски групи и 615-те волонтери, Центарот ја промовира идејата за волонтерството како облик на граѓанско ангажирање - да се стори нешто за другите, да се стори нешто вредно за развојот на локалната заедница и да се смени нешто во нечија средина. Во последните 4 години ѓаконските групи станаа поактивни и повидливи во нивната средина и стекнаа самодоверба и идентитет. Во многу случаи тие дури и иницираа нивни сопствени акции со цел самопомагање и ангажирање на локалните учесници во нудењето помош. Во последните 3 години повеќе од 45 проекти беа поддржани од Фондот за мали проекти на ЕХО. Ѓаконските групи имплементираа различни ѓаконски проекти кои имаа за цел да ги поддржат маргинализираните групи кои живеат во нивното соседство. За време на одржувањето на Генералното собрание на ЕХО на 15 ноември 2002 година, Грчката католичка црква и Евангелистичко-христијанската црква во Србија - Војводина, станаа партнери на Екуменската хуманитарна организација, со што се појавила можност и потреба, за формирање нови ѓаконски групи во регионот на Војводина. Денес, Ѓаконската мрежа брои 90 ѓаконски групи со мобилизирана сила од 615 волонтери низ целата мрежа. Мрежата покрива 65 населби/села/градови низ цела Војводина. Во имплементацијата на проектот ЕХО се наоѓа себеси во позиција да ги користи следните извори во своја полза: околу 1000 волонтери од различни проекти и мрежа на ѓаконски групи низ цела Војводина, искуството на своите соработници во такви и слични проекти; капацитетите на соработниците за давање обука, врските со црквите и другите НВО, воспоставените контакти со државата и владините институции, како и капацитетот на Домот во Фекетиќ “Леуенберг” кој обезбедува сместување и други објекти за организирање на различни активности (семинари, обуки итн.) за 100 учесници.
Проектни активности
Сите активности на Ѓаконскиот центар кои придонесуваат за остварување на претходно споменатите цели се реализираат преку потпроектите: Ѓаконски групи, Ресурсен центар за Ромите, Волонтерски центар, Центарот Марта.
Волонтерски центар
Волонтерскиот центар работи на програма за волонтерска размена, налик на берза која ги поврзува потенцијалните волонтери со организациите (ВО и НВО) на кои им се потребни. Телефонската линија е отворена секој работен ден и ги информира заинтересираните страни за можните волонтери, базите на податоци на волонтерите и организациите редовно се обновуваат, а секоја недела се организираат и лично средби. Постои исто така и можност за вклучување во регионални волонтерски проекти. Оваа активност е резултат на кампањата која започнала на 5 декември 2001 година на Меѓународниот ден на волонтерите. Целите на Волонтерскиот центар се унапредување и развој на волонтерскиот сектор во Србија, промовирање на идејата за волонтерството и истакнување на нејзиното се поголемо општествено и економско значење, информирање на луѓето за предностите на волонтерството и можностите за волонтерско ангажирање, како и оддавање признание на волонтерите на ЕХО.
|