ВО АТИНА

ќе се изгради првата џамија

Атина, во пресрет на Олимписките игри, ќе изгради џамија, прва во овој град. Тоа воедно ќе биде првата џамија во Атина по 170 години. Јоргос Папандреу, министер за надворешни работи на Грција, изјави дека причината за изградбата на џамијата се Олимписките игри и дека Атина сака да им обезбеди можност на припадниците на муслиманската вероисповест кои ќе учествуваат или Ќе ги посетат Игрите, да ја практикуваат својата религија додека пре­стојуваат во овој град.

Џамијата, како и исламски културен центар, ќе бидат изградени во североисточната периферија на градот.

Атина, инаку, е единствена престолнина во рамките на Европската Унија во која не постои џамија. Илјадниците муслимани кои живеат во Атина своите молитви и ритуали ги одржуваат во домовите или патуваат над 80 километри во северниот дел на Грција, каде има неколку џамии.

М.И.