AIESEC отворена за нови членови


Најголемата светска студентска оргнизација AIESEC која во Македонија постои веќе 55 години, преку локалните комитети во Скопје, Прилеп и Охрид ги повикува студентите да се зачленат и да учествуваат во бројните проекти на оваа организација.

AIESEC ќе врши уписи на Економскиот факултет во Скопје на 9 и 15 октомври, на Економкиот факултет во Прилеп на 12 октомври и на Факултетот за туризам во Охрид на 10 и 15 октомври или преку веб страната www.aiesec.org.mk.

AIESEC е присутна во повеќе од 1.100 универзитети во 100 земји и претставува интернационална платформа за откривање и развој на потенцијалот на младите луѓе. AIESEC годишно партиципира во 350 конференции организирани на глобално ниво и во 4.000 интернационални пракси.

Во Македонија студентската организација работи на проекти на теми Претприемништво, ХИВ/СИДА, Туризам, Денови на кариера, интернационални семинари и други.
MIA