Интервју: Зоран Јачев, претседател на Транспарентност Македонија

Граѓаните тешко го остваруваат правото за пристап до информации

Претседателот на граѓанската ор­ганизација Транспарентност Ма­ке­донија Зоран Јачев, во средината на септември го при­вле­че вниманието на јавноста со презентирањето на резултатите од истра­жувањето на јавното мислење за пристап до информациите. Во Македонија Законот за пристап до информации с$ уште е во фа­за на подготовка, а во исто време дури 41% од испитаните граѓани с$ уште не знаат дека нивното право до информациите е загарантирано со Уста­вот. Јачев, во оваа прилика, укажува дека ”скоро не постои власт на земјите во тран­зиција која е подготвена веднаш и во секое време да ги донесе законите кои ќе и ја нарушат комоцијата во владеењето”.

Очекувавте ли со реализираното истражување да добиете резултати кои несомнено го привлекоа вниманието на јавноста?
Очекувавме, бидејќи секој ден контактираме со граѓаните кои доаѓаат во на­шиот информативен цен­­­тар, каде добиваат по­­мош доколку се жртви на корупција и лошо вла­деење. Некои од резултатите навистина не изненадија, на  пример оние кои покажаа дека 41% од испитаниците не знаат дека со Устав има­ат загарантирано право на пристап до информации, односно дека безмалку секој втор човек во Македонија не знае дека има право на таков пристап. Од друга страна, поразителен е бројот на граѓани кои не побарале информации од  државната администрација, а ние очекувавме нивниот број навистина да биде поголем. Најмногу н$ порази податокот дека 74% од испитаниците кои не добиле ин­фор­мации, не напра­виле ништо пона­таму. Тоа значи дека адми­нистра­цијата во такви случаи може да прави што сака со граѓаните. 

Со истражувањето сакавме  да видиме кол­ку од граѓаните би го користеле Законот за пристап до информации како средство за остварување на своите права. Добивме потврда дека голем  број граѓани имаат потешкотии во оства­ру­вањето на ова свое право, а тоа се должи на низа објективни и субјективни при­чини. Објективните причини се недо­волно прецизираниот процес низ којшто треба да помине ба­рањето, недоволниот број ангажирани луѓе, неорганизирана структура која треба да го прими и да го проследи барањето. Сметаме дека недостига организиран систем за комуникација со граѓаните, не постои лице кое како преставник на ин­сти­туциите, на пример, на минис­терствата, би им ги давале бараните инфор­мации на граѓаните. Објективна при­чина е и неефикасното водење евиденција за информациите, односно не постои ме­ханизам за давање и сублимирање на потребната инфор­ма­ција. За субјективна причина во самиот процес ја сметаме само­­цензурата на вработените во ин­ституциите. Тоа е една од клучните работи, тие ги  даваат оние информации само што мораат  да ги дадат. Второ, тука е и навиката да се функционира преку врски. Луѓето прво се прашуваат дали имаат врски некаде, а потоа бараат информација. Овде некаде можат да се бараат причините зошто институциите не се отворени.

Зошто го реализиравте истражувањето во овој период од годината, но и во овој миг на општественото живеење?
Имаме, пред с$, обврска кон финската влада во рамките на проектот “Зајакнување на одговорноста во Западен Балкан” кој истовремено веќе  три години се спроведува во Србија, во Бос­на и Херцеговина и во Македонија.  Нема никаква коинциденција со актуелните збиднувања во земјава , едноставно сега му дојде ред на истражувањето.

Каде се наоѓа  Македонија во регионот сега според покажаните резултати? 
На оваа тема, на крајот од септември, во Србија ќе се одржи конференција  каде што ќе се споредуваат добиените резултати. Мислам дека не би имало големи разлики меѓу земјите. Хрватска штотуку го усвои законот, а и Босна и Херце­говина веќе го има, но сепак не верувам дека ќе има разлика во односот на институциите кон граѓаните. Можеби ќе има разлика во искус­твото во комуникацијата со институциите, споредбено со Бугарија и Словачка, бидејќи таму подолго време се применува законот  и таму се многу активни граѓанските организации кои лобираат за ова право и го надгледуваат неговото спроведување.

Дали резултатите ќе бидат доставени до Министерството за правда?
Да, но да се има подобар преглед во досе­гаш­ното влијание на Транспарентност на полето на работа на Законот за пристап до инфор­мациите, треба да се знае дека досега напра­вивме анализа на меѓународните стандарди кои важат во оваа област и ги отпечативме како сублимат. Направивме и споредбена анализа на девет законски текстови за пристап до информациите и врз основа на тоа изготвивме и предлог-законски текст. Претходно потпишавме меморандум за сора­ботка со Министерството за правда во изгот­вување на Законот за пристап до ин­формации. Тој за­кон­ски текст тре­баше да го доработи Владата и процесот с$ до ко­неч­ното ус­во­ју­ва­ње, но тој сепак, од нивна страна, стои. Сме­там дека надлеж­ните со само­цен­зу­ра го стеснија пред­лог-законот и ги на­ма­лија пред­виде­ните членови. ФИ­ООМ го преведе и го испрати текстот за мислење до меѓународната орга­низација Артикал 19 и до Советот на Ев­ропа, кои назад испратија забелешки и сугестии што без­малку потполно се покло­пуваат со нашите. Сакаме нивните и нашите забелешки да ги вградиме и да направиме еден про­чистен текст.

Што може да се очекува понатаму со работата на предлог-законот?
Можно е да се случат две работи. Од по­четокот на годината контактираме со Минис­терството за правда, но тие објективно имаат проблем да го стават текстот на дневен ред во Собрание. Се плашам дека истиот може да биде донесен набрзина, без потребната расправа, со што под прашање ќе се стави и неговиот квалитет. По ова истра­жување најавувам дека ќе организираме три­бини на кои ќе настапиме заедно со заинтересираните гра­ѓански организации за да го премостиме јазот и до конечното донесување на Законот и ние да понудиме готов текст.  Владата може да има време и да го донесе низ процедура, но ако видиме дека не е ставен на листата за донесување за идната година, не е исклучено ние и дел од граѓанските организации да ја забрзаме целата постапка. За имиџот на државата е добро таа самата да го доведе до крај донесувањето на законот. Се појави потреба од окрупнување на гра­ѓанските организации кои работат на прис­тап до информациите и веќе разго­вараме со ФИООМ и Про медија за работа на заедничка стратегија. Постои непотребна и преголема конкуренција во граѓанскиот сектор на ова поле, а може да се работи и заедно, што мислам дека ќе вроди со плод.  

До кога би чекале на донесувањето?
Не можам да поставам ултиматум, но сега се изготвува планот за идната година за донесување на законите. Доколку не го стават на ред за донесување, ние ќе притиснеме. Исходот е ист, или ние ќе притиснеме, или самите ќе се соочиме со тоа дека ќе имаме проблем со роковите од меѓународните организации. Најверојатно, Република Маке­донија сама ќе си наметне рок за донесување на овој закон, со давањето на одговорите на прашалникот од ЕУ. Тркалезните маси што планираме да ги организираме ќе бидат со цел  прочистување и финално усогласување на законот, а истите ќе се организираат во соработка со канцеларијата на Советот на Европа во Македонија. Планираме да орга­низираме и една меѓународна конференција на која домашни и странски експерти би дале согласност дали законскиот текст е во ред. Овој процес го сметаме за еден вид инкубатор за донесување на законот, а ако со овој проект, ние, како партнери на Минис­терството за правда успееме да влијаеме на донесувањето на Законот за пристап до ин­фор­мации, тогаш тоа ќе ги охрабри и другите граѓански организации да учествуваат во донесување закони. Нашиот став е дека таму каде што се прават добри работи, без разлика на тоа кој е на власт,  тоа треба и да се подржи и да се помогне. Оваа држава мора да го користи сопствениот квалитетен потен­цијал, без разлика дали тој се наоѓа во вла­диниот или во граѓанскиот сектор. Тоа е единствениот ефикасен пат реформите да се изведат ефикасно и квалитетно. Ние пред­лог-законот го цениме како соли­ден закон­ски текст, кој треба да се доработи и како таков би бил прифатлив. Потребно е да се дефинира што е прис­тап до информации, кој има пристап до нив, кои се исклучоците, што е тајна прогласена со закон, низ кои процедури мора да помине барањето, кој треба да одговори, која е одговорноста на ин­сти­туцијата, но и која институција ќе го спр­ведува законот. Предлагаме формирање др­жавна комисија составена или од партиски независни експерти или пак, ако тоа не е можно, тогаш составот да биде балансирано зависен - да содржи прет­ставници од власта и опозицијата. Таа би се грижела за правилно спроведување на законот и во својство на второстепен орган би одлучувала по прет­ставките за при­с­тап до инфор­мации.

Не е едноставно да се направи закон, некои работи за прв пат се регулираат со него, но тој едноставно ќе мора да се донесе, затоа што е еден од клучните закони за добро вла­деење на државата, но и за спречување коруп­ција. Дури 94% од граѓаните во истра­жувањето покажаа дека  сакаат да се регулира пристапот до инфор­мации, 99% од нив велат или без никакви ограничувања или со ограничувања треба да биде регу­лиран пристапот до информациите. Најмалку 68% од испитаниците сметаат дека пристапот треба да биде слободен, но регулиран со закон.

Дали & оди во прилог на сегашната владеачка гарнитура недонесувањето на Законот за пристап до информации? 
Политичката гарнитура која во одреден момент е на власт по правило се воздржува од донесување „проблематични” закони кои мо­жат да ја ограничат слободата во владеењето. Понекогаш се случува таквите закони да се донесат на крајот на мандатот, за да можат да бидат искористени за ограничувањето на владеењето на идната власт. Скоро да не постои власт на земјите во транзиција којашто е подготвена веднаш и во секое време да ги донесе законите кои ќе & ја нарушат комоцијата во владеењето. Законот за спречување на корупцијата е пример на закон донесен на крајот од вла­деењето на една политичка гарнитура. Една од главните причини зашто не се носи овој закон е токму нарушувањето на комо­цијата на владеење. А втората причина е посто­е­њето на многу закони кои чекаат на ред за донесување, а се сметаат за важни, при­оритетни, закони кои влегуваат во гру­пата закони од примената на Рамковниот дого­вор,  децентрализацијата.