Програми на Училиштето за меѓународна обука

Трансформација на конфликти преку културна обука

Училиштето за меѓународна обука (СИТ) организира програми за професионален развој за трансформација на конфликти преку културна обука (КОНТАКТ) за претстојната година. 

Обуката, што ќе се одржи во периодот од 29 мај до 16 јуни 2006 година во САД, претставува тринеделно и трикредитно професионално усовршување и додипломска обука за трансформација на конфликти.  Посебно е дизајнирана за теренски работници и управувачи на развојот, како и за организации со седиште во заедниците во конфликтни средини. На неа секоја година доаѓаат учесници од над 30 земји. Исто така, се нуди и програма за додипломски студии, односно едногодишна 14-кредитна програма за додипломски студии и професионален развој. Програмата се состои од две кратки фази на настава тет-а-тет, придружена со дописно учење, со цел да се обезбеди моделот на редовни работни професионалци. СИТ исто така нуди и магистерски програми за трансформација на конфликти. КОНТАКТ обезбедува најразлични програми со цел да ги задоволи потребите на специфичните организации или заедници во конфликтни или постконфликтни ситуации.

Формуларите за аплицирање се достапни сега, а краен рок за нивно пристигнување е 15 април 2006 (односно, што побргу доколку аплицирате за финансиска помош или ви е потребна виза). Повеќе информации во врска со школарината, финансирањето, стипендиите и начините за аплицирање на КОНТАКТ ќе најдете на веб-страницата на СИТ: хттп://њњњ.сит.еду/цонтацт/ или на цонтацтЖсит.еду.