НОВИ ВРСКИ

Конзулати во Солун и Битола

Најавата на Македонија и на Грција за отворање конзулати во Солун и во Битола е примена со одо­брување на граѓаните од двете држави. Јавноста во Македонија смета дека тоа значи воспос­тавување нови, подоб­рени врски меѓу двете држави. Оваа најава е и официјализирана со пот­пи­шувањето на меморандум за сора­ботка меѓу прет­став­ниците на двете држави, Никола Тодорчевски и Александрос Маљас во јануари годинава.


Според на­ја­ви­те, кон­зул­а­ти­те на Маке­донија во Солун и на Гр­ција во Би­тола треба да бидат отворени нај­доцна до ју­ли оваа година. Со нивната ра­бота, гра­ѓа­ните треба да до­би­ваат ус­лу­ги и ин­фор­ма­ции по­в­­р­за­ни со областите на економијата, трговијата и културата.

М.И.