Еуропеаид (ЕуропеАид)
Отворен интернет-сервис за регистрирање податоци на потенцијални апликанти (ПАДОР)
Благодарение на ПАДОР, една организација нема да мора да ги дава сите административни податоци и потребни документи (глава ИИ за „апликантот” и ИИИ за „партнерите на апликантот кои учествуваат во активноста”) на хартија секој пат кога учествува во повик.
Организациите кои веќе добиле донации од страна на Еуропеаид во изминатите години треба да добијат писмо со објаснување како да се регистрираат во ПАДОР. По лансирањето на ПАДОР и за неколку месеци, регистрирањето во ПАДОР ќе биде задолжително само за некои повици за предлози, а обврската за регистрирање во ПАДОР ќе биде наведена во секој повик за предлози. Регистрирањето е задолжително само за главниот апликант, но исто така може да се регистрираат и партнери, зависи од нив. Регистрацијата и информации за ПАДОР ќе бидат достапни за сите преку веб-страницата на Еуропеаид.
„од ЕУ вести 8”
|
|