БУГАРИЈА
Извештај за малцинствата
Бугарскиот Хелсиншки комитет (БХЦ) објави алтернативен извештај за спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на правата на националните малцинства. Извештајот критички го оценува оној изготвен од страна на бугарските власти. Извештајот на БХЦ е базиран на екстензивното истражување на правата на националните малцинства во Бугарија во период од над 10 години и инфоррмации обезбедени од академските институции и од невладините организации.
Забелешките на официјалниот извештај се однесуваат на недостигот на статистички податоци, на просто набројување на мерките кои ги презема Владата и друго.
М.И.
|