Хрватска
Нов обид за изработка на стратегијата за развој на цивилното општество
Владата на Хрватска ја основа работната група којашто треба да ја изработи нацрт-стратегијата за развој на цивилното општество и најдоцна до април да ја достави до Оделението за граѓански организации, која пак треба да го достави до Владата. Владата повика 19 органи и граѓански организации во рок од осум дена ги предложат своите претставници. Заедно со неколку министри и државни органи, во работната група ќе влезат и претставници на Националната фондација за развој на цивилното општество, Хрватскиот правен центар, ГОНГ, Женската мрежа на Хрватска, Заедницата на сојузите на лицата со инвалидност, Здружението на хрватските пациенти.
Ова е втор обид да се започне работата на стратегијата за развој на цивилното општество. Првиот обид беше во 2005 година, кој беше отфрлен од поголемиот дел на непрофитниот сектор како крајно нестручен и некомплетен.
|