Меѓаши во партнерство со С&Т Проктер и Гембл

Подарени 6.121 шампони за деца

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во партнерство со С&Т Проктер и Гембл, на 14 февруари, во просториите на Меѓаши, организира акција за дарување на 6.121 шампони за децата сместени или згрижени во Дневниот центар за децата на улица кој функционира во рамките на Детската амбасада,  Дневниот центар за децата на улица во Кисела Вода, Дневниот центар за децата на улица во Шуто Оризари, Заводот за згрижување, воспитание и образование на деца и млади „Ранка Милановиќ”, Јавната установа за децата со воспитно–социјални проблеми,  СОС - Детското село,  Детскиот дом „11 Октомври” и Прифалиштето за децата во кризна состојба при Детската амбасада 2001-2007 година. Донираните пантен-шампони имаат рок на траење од септември 2008 до февруари 2009 г., а вкупниот износ на донацијата изнесува е 856.821,00 денари. 

К.Б.