Погледи: Ѓунер Исмаил

ИЗБОРИТЕ ДОАЃААТ!

                                                                                                                            албански

При ваква најава, граѓанинот обединет, или пак придружен во стандардна, аполитична НВО-активност би се запрашал: Што имаме Ние врска со Тоа, Тоа си е работа на партиите и на политичарите, а ние да си ја гледаме работата!?


Така е, ама и не е така. Затоа еве едно предупредувањата, кое е важни и доколку, малку од малку, бидеме трезни, ќе не спаси од многу тегоби како во предизборието, така и во самиот изборен ден, а најмногу по изборите, односно по конституирањето на новите (идни) власти.

На почетокот на деведесеттите во Македонија, освен новите политички партии, се појавија и организации коишто немаа никакви политички амбиции, туку токму спротивното, го конституираа јадрото на ова што денеска се нарекува НВО-свет и како бројка означува преку шест илјади организации. Тоа беше еден свет кон којшто политиката и немаше некаков изграден став/однос и уште долги години (до пред некоја) го сметаше за десно/лево сметало на нивниот (политички) пат во изградбата на новиот општествен организам, интониран демократски, онака како што демократијата (редуцирано) ја разбираа партиско-политичките активисти.

НВО-светот цела една деценија и кусур ја имаше судбината да живее во светло на обвинувањата дека е “нечиј” и дека станува збор за некаква агресивна структура на граѓани кои немаат политички легитимитет (“Вие не сте биле на избори!”), а сакаат да се плеткаат во државни(чки) работи! Потоа уследи “затоплување”, бидејќи еден дел од политиката (особено во локалната самоуправа) дефинитивно разбра дека НВО-светот сепак е “општествено корисен”, од една страна, а од друга страна е исклучително добра влезница кај донаторите. Тоа е подобриот дел од приказната. Другиот дел, пак, вели дека штабовите на политичките партии се организираа за пробивање и градење позиции во НВО-светот и во неколку наврати, па и денес, во тоа беа успешни! Се разбира, намерата е манипулативна и во таа смисла, еве ја поентата: НВО-светот мора да биде исклучително внимателен во релациите со политиката (во предизборието, на самите избори, по изборите) бидејќи ќе следуваат, ако веќе не се во тек, обидите да биде вовлечен во разно-разни манипулации, кои нема да го компромитираат само НВО-ангажманот на дотичната организација,  или поединец, туку и на сите други НВО, што многу ќе му ја олесни работата на и така раширениот и добро (пот)платен антифронт на НВО. Ова, се разбира, не значи дека НВО ги ослободува од одговорноста. Тие ќе мораат да бидат активни во помагањето на понатамошната култивизација на демократскиот простор, како и во градењето брани кон секој којшто предизборието ќе го користи за манипулации, насилие и други облици на компромитација на македонскиот модел на демократија/држава. Доаѓаме, безмалку, во период во којшто НВО-светот ќе треба да биде во перманентно дежурство, а с$ со цел да си помогнеме на самите себе, бидејќи во минатото се докажа дека за иднината и за угледот на оваа земја најмалку мислат оние кои во предизборието и на самите избори мавтаат со некакви партиски (политички) знамиња. Тие и досега тешко разбираа што е точно демократијата и во таа смисла не смееме да им дозволиме овојпат да н$ разберат, да не ги лажат граѓаните, а и самите себе.

Затоа, задачата е таа: Да ги отвориме очите ширум, да си ги предупредиме сите пријатели од нашиот НВО-свет, да не ги лаже умот, а на политиката да & ја упатиме пораката дека е ставена под зајакнат надзор!

 

(авторот е претседател на Управниот одбор на Центарот за стратегиски истражувања и документација “Форум”)