Претставување

Развој на здрави млади луѓе и на свеста за животната средина

Извидниците насекаде во светот се една од најпопуларнита асоцијации, пред с$ кај децата и младите. Тие го развиваат другарувањето, спортскиот дух, тимската работа, љубовта кон природата...

Сиве овие доблесни карактеристики се вградени кај многу сега веќе поранешни “скаути”, а традицијата продолжува и кај младите генерации. Во Македонија ја спроведуваат бројни извиднички одреди, а ние во оваа прилика избравме да претставиме еден од нив, со цела да се поттикне и да се претстави подобро овој вид граѓанско здружување. Изборот е сосема случаен, и “падна” на ИО “Крсте Јон” од Струга.
Овој извиднички одред спаѓа во еден од најстарите и најопремените во Македонија: располага со сопствен извиднички дом и простор за кампирање, моторен чамец, “индијански” кануа, 200 шатори и друга опрема. Сево ова го оставаат на располагање на своите 250 членови и на соработниците и гостите за време на бројните манифестации што се организираат преку целата година. Во “скаутски” дух, се работи и во потешки услови - зиме традиционално се организира Зимската школа во планинарското одморалиште Горна Белица, на 1.500 метри надморска височина. Лете се организираат летни кампови на брегот на Охридското Езеро. “Крсте Јон” го организира еко-кампот “Струга”, кампот со мотото “Да ја зачуваме чистотата на Охридското Езеро” и Меѓународната ликовна колонија “Пастрмка”, редовно учествува во светската акција “Да го исчистиме светот”. Овој одред, исто така, го одржува и Зелениот центар - еколошката канцеларија за НВО од охридско-струшкиот регион.
Членовите на ИО “Крсте Јон” даваат повеќе услуги во областа на спортовите и рекреативните активности поврзани со природата, како на пример, за планинарските експедиции, пешачењето во планинските предели (hiking), возење велосипед во ридски и планински услови, скијање (на снег и на вода), езерски патроли, едрење на ветер, организирање нуркачки курсеви, најмување велосипеди, услуги на туристички водичи и повеќе други активности чија цел е развивањето на здравиот начин на живеење и зближување со природата. А токму тоа е и целта на ИО “Крсте Јон” -  едукација и развој на здрави млади луѓе и подигнување на свеста за животната средина на наслението, без оглед на возраста.   
М.И.