ПРИЛОГ 1: Разлики во називите на верските заедници
Во Адресарот, верските заедници се наведени онака како што се изјасниле во анкетниот прашалник. Кај дел од нив, називот се разликува од оној под кој се регистрирани во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Тие разлики се презентирани во следната табела, заради подобра препознатливост на верските заедници и прегледност за читателите:
| Регистрација |
Адресар |
| Исламска заедница во РМ |
Исламска верска заедница на Република Македонија |
| Еховини сведоци - христијанска верска заедница |
Јеховини сведоци - Христијанска верска заедница |
| Ваишнавска верска заедница Скопје |
Ваишнавска верска заедница “Искон” |
| Црква Божја во РМ |
Црква Божја |
| Христијанска религиозна група Нова надеж |
Религиозна група “Нова надеж” |
| Бекташиска заедница во РМ |
Бекташиска верска заедница |
Забелешка: Исламската верска заедница во Република Македонија го смета бекташискиот дервишки ред за свој составен дел и ја смета регистрацијата на Бекташиската верска заедница за невалидна и законски неоснована. |