ИЗБОРИТЕ 2002 НИЗ ФОТОГРАФСКИОТ ОБЈЕКТИВ
Награда за Андреј Гиновски

На јавниот конкурс за најдобри фотографии од годинешниве Парламентарни избори, објавен од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, беа избрани две фотографии од фоторепортерот на скопскиот неделник АКТУЕЛ, г. Андреј Гиновски.
Резултатите од овој натпревар за најуспешни фотографии беа објавени за време на НВО Саемот, а наградата ја врачи извршниот директор на ФИООМ, г. Владимир Милчин.
Како што рече тој, Андреј Гиновски уште еднаш ја докажа својата способност работите да ги посматра суптилно и зад нив да ги гледа скриените значења. Наградените фотографии ги објавуваме на втората страница на овој “Граѓански свет”.
М.И.