Меѓународен ден на децата 2003

 Многу важни задачи, но многу мал напредок 

На 21 ноември секоја година, во целиот свет се слави Меѓународниот ден на децата со цел да се подигне свеста за правата на децата и да се подобри светот во кој тие живеат.

 Годинава, Кофи Анан, генерален секретар на Обединатите нации, изјави: „Не постои поважна задача од таа да се изгради свет во кој нашите деца ќе можат да растат и да го оствара целокупниот нивен потенцијал, во здравје, мир и достоинствено“.

„Amnesty International“, меѓународна организација за човекови права, започна кампања под мотото: „Изгубени животи. Изгубена надеж. Изгубени можности“. Организацијата известува дека секој ден, на деца од целиот свет им се нанесуваат повреди во војните, во поправните домови, во центрите за згрижување, во заедниците, итн, а се' повеќе влади и општества не ја исполнуваат својата должност да ги заштитат.

Некои од најтешките злоупотреби на правата на децата, кои се најранливата популација во светот, се случуваат во земји како Демократска Република Конго (ДРК) или Ел Салвадор. Во ДРК, децата ги регрутираат како војници за да се борат во долгите војни во земјата. Конфликтот од осумдесетите години во Ел Салвадор резултираше со киднапирање и исчезнување на многу деца, чии судбини сеуште остануваат мистерија. На Филипините, децата можат да заработат смртна казна за криминални дела кои ги извршиле на возраст под 18 години. Во окупираните територии, полициските часови не им дозволуваат на децата да посетуваат настава, а поради екстремно лошите животни услови децата се принудени или да работата или да гладуваат. Во Руската Федерација, децата со ментална попреченост се чуваат во нехумани и деградирачки услови во менталните институции низ целата земја.

За повеќе детали за вакви случаи она што можете да го сторите за да помогнете, обратете се до www.amnesty.org.