Во Мала станица во Скопје
Отворен вториот дел од проектот Кујна за нови медиуми
Центарот за изведувачки уметности Мултимедија на 28 септември во Мултимедиалниот центар Мала станица во Скопје, го отвори вториот дел од програмата Кујна за нови медиуми, со најава дека истата и во иднина ќе продолжи да ги промовира младите македонски уметници и македонските видео проекти.
Програмата започна со видео промоцијата на регионалниот проект “Отворена врата - Уметничка младинска платформа” кој годинава беше реализиран во соработка со млади уметници од Артенс -Грција, Институт за современа уметност Егзит, Косово, Национална галерија- Албанија, 1/60 Инсургент спаце , Албанија и Пер.арт, Србија.
Уметничката платформа во текот на јули и август годинава во Штип ја реализираше интензивната и едукативната Арт тренинг средба која ги обедини младите уметници од 5 -те земји во три различни уметнички програми.
Проектот Отворена Врата е дизајниран со специфичен работен пристап преку кој партиципантите ги аплицираа своите уметнички реактивни форми локално, на ситуацијата од Штип која ја сметаа за актуелна користејќи ја уметноста како алатка за успешно безболно детектирање и актуелизирање на проблемите во заедницата.
К.Б.
|