Џорџ Сорос е „ифрит лут“

Сорос направи милијарди предвидувајќи “финансиски крахови” - сега мисли дека Буш создава еден

(Продолжение од минатиот број)

Сорос си направи финансиска и филан­тропска кариера без да види дали обич­ните, секојдневни ситуации се претвораат во нешто што е далеку од вообичаеното. “Животот се создава на границата на хаосот”, вели Сорос, “па затоа јас се специјализирам токму за ситуации кои се на границата на хаосот. И токму таму сум најдобар”. Тој стана еден од најбогатите луѓе на светот со тоа што ги трасира тие моменти на промена - и реагираше на нив порано од останатите финансиери и многу порано од повеќето влади. Сорос е убеден дека ток­му сега е таков момент.

Еден вид криза која ја предвидува Со­рос е економ­ска­та. Во една од своите книги, Сорос дава пример на “бени­гнен круг” во кој валу­тите стабилно растат кога еко­но­мијата е сил­на, а инвес­тито­рите гра­витираат кон купу­вање акции и об­врз­ници во растеч­ките валути (тоа е си­ту­ацијата во која САД се наоѓа во пого­лемиот дел од изми­натата деценија). Но, кога имаме една обратна шема, кругот се одмотува зачу­дувачки брзо. Сорос мисли дека тоа може да им се случи и на САД како резултат од растечкиот дефицит и воените трошоци.

Но, поголемиот “балон” којшто го гледа Сорос е идеолошки. “Сегашната криза, онаа која ја предвидувам, т.е. кризата на глобалниот капитализам, последната нејзина верзија, е политичка и воена криза”, ми кажа Сорос вознемирено. “Таа криза ја предизвика експлоатацијата на настаните од 11 сеп­тември од страна на администацијата на Буш, со цел да ја оправда својата политика  за доминација со светот, под маската на борба против тероризмот”. Во неговите записи, Сорос раскажува како се развиваат балоните на трендот на “самозајакнување”, кога една погрешна претстава - било да е таа на полето на финансиите или политиката - преживува еден споредбено лесен тест, којшто доведува до тоа некоја идеја неодржлива на подол­горочен план да изгледа јасна на крат­корочен. Ете како Сорос гледа на војната во Ирак. Брзата воена победа ја засили погреш­ната претстава дека благодарение на непо­бедливата војска, САД можат да ги оства­рат меѓународните цели со то што ќе одат во војна. Во нацрт-планот на неговата следна книга “Балонот на американската надмоќ”, Сорос уште посилно ја пре­зентира оваа идеја: “Ние се запле­ткуваме во бруталниот круг на ескалирачко насил­ство”.

Во последните 10 години, Сорос има дадено четири милијарди долари за секаква намена, почнувајќи од лекување на туберкулозата во руските затвори, с$ до поддршка на диси­дентите во Зимбабве и изградба на болници за тешко болни во САД. За оние кои водат сметка, тој годишно дава речиси исто колку фондацијата Форд. Тој има напишано седум книги од областа на економијата и светските прашања, многу трактати од областа на политичката теорија и комплексните економ­ски про­грами. Фасцинантниот обем на неговите остварувања не става во позиција да се засрамиме да ги споменеме, знаете веќе што, неговите пари, кои се и основната причина поради која се заинтересиравме за Џорџ Сорос.

Но, токму луѓето кои го познаваат Сорос како менаџер и човек кој прави пари, можат најдобро и најпрецизно да кажат што е она што го движи напред. Стенли Дракенмилер, кој цела деценија го водел Соросовиот фонд Квантум (Љуантум): “Тој е извонреден човек, извонреден менаџер. Но неговата најголема сила, да не ме сфатите погрешно, лежи во неговата храброст. Кога тој гледа нешто, очигледно или неочигледно, тој ќе се обложи на тоа многу по­веќе од останите”.

Описот на фондот Квантум, обично го става во кате­горијата на “мак­ро­­фон­дови” - кра­тенка за неговата стратегија на ста­вање големи об­ло­зи на светските макро­екон­омски настани. Лесно е да се заборави де­ка пред Сорос не постоеше нешто како макрофонд. Постоеја фондови на акции и на обврзници (ни одблиску толку колку што ги има сега), но Сорос измисли нешто ново. И еве го пред вас - менаџерот на фондови кој го виде целиот свет како сцена, кој се обложуваше на валутите и на берзанските индекси, кој се обиде да го погоди однесувањето на централните банкари кои навистина беа негови нај­блиски колеги. Дракенмилер го опи­шува Сорос како првиот менаџер на пари кој рекол: “Јас не морам само да тргувам со акции и обврзници -јас имам пет, шест оружја на располагање... ќе одам онаму каде што има акција”.

Сорос го основа својот прв инвестициски фонд во 1969 година со 4 милиони долари, од кои само дел беа лично негови. Помеѓу таа година и 2000-та, последните дванаесет години со помош на Дра­кен­милер, неговиот примарен инвестициски фонд просечно враќаше 31% годишно, со само 3 годишна загуба (кризата на техничката берза во 2000 година како една од нив). Денес, неговата инвес­тициска компанија има околу 12 мили­јарди долари. Од нив, 7,4 милијарди се во примарниот фонд “Љуантум Ендоњмент”. Иако Сорос тврди дека има и други надво­решни инвеститори во Квантум, пора­нешните директори на неговиот фонд веруваат дека најголемиот дел, ако не и сите 7,4 милијарди долари му припаѓаат на Сорос и неговото се­меј­ство.

Богатството кое го стек­нал Сорос и регу­лар­носта со која тој ги пред­видува пре­свртите во светската економија, при­­­­­криваат колку всуш­ност стекнувањето пари било болно и емо­цио­нално искуство за него. Во едно интервју со Бај­рон Вин во “Сорос на Сорос” (Сорос он Сорос), збирка разговори на те­ма пари и политика, тој признава дека често пати знаел дека е време да продаде некоја позиција, кога грбот почнувал да го убива од болки. А кога ја опишува 1981 г., таа за него ужасна година како инвеститор кога изгубил 23 % од својот фонд, за неа зборува како за “експлозија”, не како за неуспех во ана­лизата, туку како за еден несвесен, инстик­тивен одговор.

Сорос отсекогаш го збунувала неговата натприродна способност да прави пари на финансиските пазари. Иако за тоа има напишано книга, Алхемија на финансиите, тој никогаш не верувал дека неговиот та­лент може да “подучува”, ниту пак успеал кога било да го објасни тоа. Крајниот резултат од неговите теории во врска со финансиските пазари е дека додека во нормални, обични времиња, пазарите ондулираат со стабилни, кривулести бранови коишто ги познаваме од пазар­ните табели, постојат и нево­обичаени периоди кога пазарите брзо се менуваат, а интеракцијата помеѓу пазарната реал­ност и очекувањата на инвеститорите создава моќни и самозасилувачки трен­дови - финан­сиски балони и крахови. Сорос милува да ги опише овие ситуации како “далеку од рамнотежа”, што звучи како безбеден, дури и научен термин за ситуациите коишто за повеќето луѓе се застрашувачки и изне­надувачки.

Сорос се обидува да ги препознае тие ситуации по малите знаци кога “нор­малното” се претвора во балон, набабрен круг или криза. Сите знаеме за ураганот која започ­нува со павкањето на крилјата на пепе­рутката, но Сорос е еден од ретките кои постојано ги следат импли­кациите. Често пати тие знаци доаѓаат од политиката: Сорос е експерт за забе­лежување на примерите кога држ­ав­ниците, министрите за финансии и поли­тичарите се обидуваат да реагираат колебливо и нецелосно на големите еко­номски и општествени трендови, кои тукушто не избувнале во кризи.

Сорос и Дракенмилер направија мили­јарда долари обложувајќи се дека бри­танската фунта ќе заслабне. Во “Сорос на Сорос” тој вели дека низата настани кои доведоа до облогот започнаа со еден избрзан коментар на германскиот министер за финансии во врска со лирата. Тоа го наведе Сорос да верува дека цело­купниот европски пазар на валути е многу понестабилен отколку што кој било помислил. Еден таков пример на навидум мал настан којшто навестува големо нарушување и на којшто често пати се навраќа тој, е телефонскиот повик од страна на Михаил Горбачов кон познатиот дисидент Андреј Сакаров во 1986 година. Тоа за Сорос беше малечок, но непо­грешлив знак дека целокупниот советски систем е на работ на трансформација.

Разбирањето на хаосот е нешто коешто Сорос го спроведе во она што тој го нарекува лабораторија на финансии, како и во читање и пишување филозофија, но тоа исто така има длабоки корени и во неговата психа. Со неговото семеј­ство беа дел од малцинството Евреи во Будим­пешта кои ја пре­живејаа нацис­тичката инвазија на Унгарија во 1944 г. Неговиот тако, Тивадар Сорос, напиша една крат­ка, но фасцинантна книга наре­чена Маска­рада, во која ги опи­шува месеците во кои семејството се криело и бегало од Герман­ците и нивните соработници. Со луциден, неформален тон, Маскарада говори за начинот на кој многу евреи од Будим­пешта, кои не можеле да видат колку всуш­ност била мрачна нив­ната ситуација, пад­нале во замката на “еврејските закони” - тие дури и одговарале на повиците на локал­ната полиција да би­дат депортирани во концентрациските ло­­­­­го­ри по азбучен ред. Сепак, мал­куми­на, меѓу кои Тивадар Сорос и неговото се­меј­ство, успеале да го испол­зуваат воениот хаос и да го прикријат својот вистински иден­­­титет.

“(Мојот) поглед на светот, би рекол, се оформи во голема мера во трауматските искуства од Втората светска војна, кога Унгарија беше оку­пирана од страна на нацистичка Гер­манија и кога евреите ги депортираа во Аушвиц”, ми кажа Сорос. “Јас бев среќен што имав татко кој разбираше дека тоа не е нормално. Тоа е далеку од рамнотежа. И ако ги следиш правилита кои вооби­чаено ги следиш, судено ти е да умреш. Јас учев од голем мајстор во Втората светска војна и делумно го применив неговиот поглед на светот на финан­сиските пазари и на мојата политичка визија”. 

9/27 Fortune Magazine profile
(Завршува во наредниот број)