Како до успешни “мулти-култи” активности
А ПРЕВОД ИМА?!
албански
Во овој дел серијата за „Како до успешни мулти-култи активности”, би сакал да се осврнам на користењето на јазикот на другите заедници во нашите проектни активности, затоа што се среќавам со различни начини и пристапи во решавањето на тоа прашање.
Во последно време јазикот многу често се актуелизира како проблем штом ќе почнеме со спроведување на нашите главни активности (семинари, конференции, дебати итн). Во работните тимови задолжени за имплементирање на некој проект ова не може да се смета како голем проблем затоа што таквите пречки се елиминираат со помош на здрава свест и разум којашто по автоматизам сака да ги рационализира средствата и енергијата и да се фокусира на постигнување на резултатите. Ако пак оваа енергија не се вложи во малите работни тимови, ќе треба многу повеќе да се обрне внимание подоцна кога тимот ќе одговара на потребите на целна група. Решавањето на овој проблем не е исто ако се појави во мал тим или пак меѓу претставници на нашите целни групи.
Како јас се справувам со проблемот на јазикот. Прво, сметам дека секој кој што работи на какви било проекти коишто вклучуваат различни заедници, мора во потполност да биде свесен за политичкиот контекст како и за културното и социјалното опкружување во моментот. Второ, при појава на ваков проблем би требало да се ставиме посебни „леќи” кои што ќе го зумираат проблемот така што ќе се добие јасна слика за начинот за негово вистинско решавање. И трето, при појава на проблеми како што е користењето на јазикот и преведувањето, ние треба да имаме тенденција да го решиме што побрзо за да не се создаде поврзана солидарност од истомисленици и проблемот да не биде поддржан од страна на членовите од целната група кои имаат амбивалентен однос кон него. И тука навистина може да се увиди можноста да се зајакне врската со оние што имаат амбивалентен став и нормално неутрализирање и релаксирање на луѓето со екстремни позиции и ставови кон решавање на проблемот.
Многу од учесниците ќе се повикуваат на институционалната поддршка, и тука вие ќе немате многу можност да маневрирате затоа што не можете да се спротивставите на правото на еден човек да бара да користи превод кога постои таква институционална рамка. Она што може да се направи е да ги поместите односите од институционална рамка во нешто попрактично, ефикасно, економичнио па и лично.
Би требало да се предвиди појавата на ваков проблем уште при почетокот на нашите активности. Исто така, многу нормално е да се очекува ваквиот проблем да се појави од страната на помалите етнички заедници кои со новата правна рамка имаат можност да го користат мајчиниот јазик, кој долго време не можеле да го користат во формални опкружувања. И тие секогаш ќе се повикаат на тоа право затоа што тоа не е само што претставува постигнување на нивните генерации туку затоа што секој би се радувал на нешто што го има за прв пат.
За некој да направи “скок” од размислување за формалноста во рационално размислување, ќе треба да се поттикне пореално да ги гледа можностите. Некогаш ќе треба да се доближите толку многу до личноста, за да навистина таа почувствува дека ви е грижа за проблемот.
Од лично искуство би кажал дека сакам да го употребам мајчиниот јазик секаде каде што имам прилика, иако многу добро ги знам повеќето јазици коишто се користат кај нас во Македонија. Она што ме обесхрабрува е моментот кога мојата детска радост се претвара во досада. Тоа се миговите кога истата реченица ќе ја слушнам по неколку пати на различни јазици. И тоа одзема многу време, станува досадно, како за мене што ги знам јазиците така и за тие коишто го чекаат редот на “нивниот” превод. И секако ова ќе беше од корист ако одев на конференција за да ги научам на памет говорите на различните говорници. Но јас одам за да ги разберам, да ги сфатам пораките коишто се пренесуваат и за да бидам активен чинител на сите предвидени процеси во една конференција. Поради тоа лично и не сакам да користам превод за јазиците коишто ги знам. Тоа што би ме иритирало е кога некој ќе ми забрани да се изразам на начин којшто за мене преставува право. Ако се ставите во мојата кожа можете само да замислите на колку стотици начини би постапил во тие моменти…
Ова мое лично размислување мислам дека ми помогна да ги решавам проблемите околу јазикот на задоволувачки начин за учесниците на моите семинари и за мене лично. Тоа што секогаш го имам предвид при решавањето на ваков проблем е да имам резервен план. Да се осигурам дека при неуспешен обид можам да одговарам на потребите на учесниците со обезбедување превод посебно за нив. Сум бил сведок на активности на различни граѓански организации коишто при појава на ваков проблем аргументираат со фактот дека немале доволно средства за да обезбедат превод. Мислам дека тоа претставува потполно промашување.
Во секојдневието имам забележано појави коишто ме прават оптимист дека сите ќе почнеме да мислиме многу порационално, економично и ефикасно кога се работи за користењето на мајчиниот јазик во нашите проектни активности. Добар сигнал дека мојот начин на размислување е точен, како прво е фактот што и политичарите во Парламентот и во Владата полека почнуваат да не бидат толку категорични во користењео на ова нивно и наше право. Од друга страна, многу Македонци почнуваат да го учат албанскиот јазик. Тоа што ме плаши е креирањето на вакуум во временскиот од, кон меѓукултурното доближување каде младите генерации ќе бидат потполно исчистени од познавањето на јазикот на другите.
И покрај моите препораки како да се справите со проблемот на преведувањето, вие секогаш ќе треба да бидете подготвени на големо разочарување, затоа што сепак се работи за карактери на различни индивидуи. И мене ми се случило учесник на мој семинар да биде потполно разочаран од тоа што се трудев да ги рационализирам и времето и парите. Од друга страна ми се случило таквите лица да ми се заблагодарат на крај затоа што им имам дадено можност да го усовршат јазикот на “другите”.
Алберт Хани Обучувач за менаџмент на конфликти
|
|