Дружина на дебелите велосипедисти
Велосипедска тура Битола–Големо Езеро–Брајчино
Од 24 до 27 јуни Велосипедскиот клуб ‘’Дружина на дебелите велосипедисти (ДДВ)”, во соработка со ОХО и со Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Градоначалникот на општина Битола и Швајцарската агенција за соработка и развој, со цел промоција на велосипедските патеки на планината Пелистер и здрави концепти за живеење, организира велосипедска тура на потегот Битола-Големо Ееро-Брајчино. Учествуваа 40 велосипедисти скоро од цела Македонија, сите пристигнаа на Големо Езеро, но без проблем и на завршната дестинација во селото Брајчино.
Дружината на дебелите велосипедисти е аматерски клуб основан од група ентузијасти, кои веќе некоку години велосипедираат по падините на Пелистер. За разлика од другите екстремни припадници на велосипедското братство, со својата активност се добар пример дека возењето велосипед е убава и лесна работа. Акцијата треба да послужи за пример дека ако членовите на ДДВ со своите телесни перформанси го освоиле врвот на Пелистер, зошто тогаш другите не би можеле, што е и основниот промотивен концепт на Дружината на дебелите велосипедисти за популаризирање на велосипедизмот.
К.Б
|