СОЖМ
„Жените тоа го можат„
Петтата годишна - Регионална Конференција ,,Жените тоа го можат“ ќе се одржи од 8 до 10 јуни во Охрид, во хотелот Белведере. Организиатори на конференцијата се Сојузот на организациите на жените на Република Македонија во соработка со Норвешката Народна Помош.
Конференцијата има за цел да ги покаже, презентира и спореди постигнувањата и резултатите на планот на политичкото јакнење на жените во регионот, односно во земјите: Македонија, Албанија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Молдавија, како и компаративно застапеноста на жените во Парламентите на овие држави и Кралството Норвешка.
Учеснички се представнички на организациите партнери на Норвешката Народна Помош од земјите во регионот, кои веќе пет години ја спроведуваат програмата ,, Жените тоа го можат“. Конференцијата ќе ја отвори Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, Карл Шиотс Вибуе.
Конференцијата ќе започне на 8 јуни оваа година, во 19 часот, во х. Белведере, Охрид.
Повеќе информации можете да добиете на 02/3134-390. Лице за контакт е Светлана Јанева.
|