ПРОГРАМА “ЖИВО НАСЛЕДСТВО”
Мокрински Извори
Преку програмата „Живо наследство” во текот на мај ќе биде промовирана уште една природна реткост на Македонија - чудесните Мокрински Извори. Се наоѓаат во близина на селото Мокрино, Струмичко, а со својата убавина го воодушевуваат секој што ги видел: извираат од корењата на неколку столетни чинари, кои се испреплетени на површината.
Месната заедница и жителите на селото Мокрино, во соработка со здружението на граѓани “Извор” и општината Ново Село спроведуваат проект со кој се уредува просторот во близина на изворите – направена е камена патека, клупи, надстрешница и друга инфраструктура, а се изготвува и пропаганден материал.
Програмата “Живо наследство” ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија, а нејзина цел е промоција на локалниот развој преку културното наследство. М.И.
|
|