Фондовите на Европската Унија III

Како да се стигне до КАРДС?

Кои документи треба да се поднесат за КАРДС?
Според повиците за предлози, Конзорциумот (т.е. главниот апликант и партнерите) мора да ги поднесат следните документи: еден оригинал и четири копии од формуларот за аплицирање (вклучувајќи го буџетот и долгорочните анекси) и кратки биографии на главните членови на персоналот кои се вклучени во имплементирањето на проектот.


Главниот апликант мора да поднесе еден оригинал и четири копии од неговиот статут или членови за асоцијација; судска регистрација, потпишана изјава за партнерство и декларацијата (ИВ дел) и финасиски извештај од изминатата година. Секоја партнерска организација во Конзорциумот мора да поднесе статут или членови за асоцијација и потпишана изјава за партнерство. Копии од оригиналниот документ на Статутот или членовите за асоцијација, како и од судската регистрација, се поднесуваат на македонски јазик (или на официјалните јазици на партнерите), оригинали или копии од документите преведени на англиски јазик и една оригинална изјава од авторизиран нотар, кој ја потврдува валидноста на гореспоменатите документи. Мора, исто така, да се приложи дискета/ЦД-ром со целосниот формулар за аплицирање и анексите.

Тендерската процедура се води во две рунди. Прво, организациите кои го сочинуваат Конзорциумот мораат да поднесат документи со кои ќе ја докажат нивната економска, техничка и професионална позиција. Тие вклучуваат: формулар за аплицирање (еден оригинал и три копии), декларативни писма од сите партнери, документи кои докажуваат дека организацијата не се наоѓа во ситуациите опишани во делот 2.3.3. од Практичниот водич за процедурите на договорот, финасиран од општиот буџет на европските заедници во форма на надворешни акции/активности како судска регистрација, регистрација во Заводот за статистика, судски документ дека активностите на глав­ниот апликант не се забра­нети и дека не постојат дејности кои би ја избришале организацијата од Регистарот на граѓански асоцијации и фондации, сертификат од Државниот завод за јавни приходи дека апли­кантот ги има платено сите придонеси и да­ноци за социјално осигу­рување. Копии од сите овие оригинални доку­менти се подне­суваат на маке­донски јазик, како и оригинали или копии преведени на англиски јазик и една оригинална изјава од авторизиран нотар, која ја потврдува валидноста на гореспоменатите документи. Потпишана заклетва од партнерската организација мора, исто така, да се поднесе заедно со апликацијата.

Ако Конзорциумот влезе во потесен избор, следните документи мора да се поднесат врз база на општите услови за тендерот: формулар за пријава на тендерот, изјави за ексклузивност (ексклузивитет) и достапност за членовите на меѓународниот и локалниот тим, тендерска декларација за главниот апликант и партнерската орга­низација, формулар за финансиска иденти­фикација, организација и методологија (кој ги вклучува мотивите/причините, стратегијата, распоредот на активности и лдолго­рочните рамки), клучни експерти (список на имиња на клучните експерти, кратка биографија на секој клучен експерт со дипломи и препораки).

Продолжува во наредниот број

Тања Хафнер
проект-службеник за меѓународни програми во МЦМС