Српско граѓанско општество

Ќорсокак во Србија: Спиралата на радикализмот или основање на нова Србија?

Во случајот на Србија, основната поделба е поради тврдењето на есенцијалистите - “прво Младиќ во Хаг, потоа евроинтеграција”, на кој прагматистите гледаат како на кратковид и штетен за долгорочните интереси на српската демократија и граѓанското општество. Интересно е да се забележи и дека овој конфликт исто така ги одразува и постоечките разлики помеѓу земјите членки на ЕУ во рамките на Европскиот совет за тоа како да се справат со Србија. Во декември 2006 година, и повторно во февруари 2007 година, министерскиот совет ГАЕРЦ (Генерал Аффаирс анд Еџтернал Релатионс Цоунцил) реши да ги преформулира условите кои српската влада би требала да ги исполни за повторно отворање на преговорите од ДСА. Како предуслов, Белград нема да мора да го предаде Младиќ, но мора да ја убеди ЕУ за своите добри намери со тоа што ќе ги спроведе обврските за целосна соработка со МКТПЈ. Ова, на пример, би вклучило декласификација на архивата за воена и цивилна служба. Прашањето ќе се најде на масата на новата влада на Србија, особено кај премиерот.

ЕУ трпеливо го следи најновиот развој на настаните во Србија. Неодамнешната посета на фондацијата Понтис на делегацијата правни советници на српскиот парламент во Брисел, потврди дека, од техничка гледна точка, повторното отворање на преговорите од ДСА е готово. Всушност, некои делови од овие повеќеслојни преговори тивко продолжија по мај 2006 година. Официјални лица од групата за проширување на Европската комисија позитивно ги оценија силните институционални и административни капацитети на српските институции и веднаш штом се олесни политичката блокада, тие очекуваат брз напредок.

 

Посетата, која беше организирана во март 2007 година и поддржана со грант од Министерството за надворешни работи на Словачка, истакна неколку критични точки:

 

1. Српското население с$ уште има негативна слика за ЕУ. Постојаниот недостаток од стратегија за комуникација кај Европската комисија во однос на Србија, исто така игра важна улога.

2. Србите и оние кои го креираат нивното мислење треба да дознаат повеќе за ЕУ, како и повеќе за моменталните барања на процесот на интеграција. Официјалните лица од Србија кои веќе се вклучени во процесот од ДСА се добар извор. Јавното познавање на обврските коишто треба да ги исполнат српските институции, би можело исто така да помогне да се генерира поголем притисок во јавноста со цел да се постигне подобро политичко етаблирање на Србија.

3. Српското граѓанско општество, како актер кој лесно би можел да го стимулира процесот на промоција на ЕУ во Србија, не е вклучено во дијалогот со ЕУ, што јасно се гледа од фактот што граѓанското општество не е дел од претпристапниот инструмент.

 

Како и да е, моменталниот судир на визии помеѓу граѓанските лидери во Белград е добар знак дека српското општество се оддалечува од политичката апатија и пасивност. Меѓутоа, овој внатрешен развој би требало да се поврзе со и да се поддржи од другите домашни и надворешни актери кои играат важна улога во процесот на евроинтеграција на Србија и Западен Балкан во целост. Проевропските сегменти од српското општество се подготвени да се вклучат во дебатата, а Европската комисија и нејзината група за проширување треба да започнат да размислуваат повеќе како да го остварат тоа.


Прв дел