Центар за ИКТ - Метаморгозис
Фондацијата Институт отворено општество -Македонија во соработка со Центарот за информациски и комуникациски технологии – Метаморфозис, организира работилница на тема:
„Новинарите и предизвиците што ги носи информатичкото општество“
Работилницата ќе одржи во хотелот Белви во Охрид, од 14 до 16 ноември оваа година.
Целта на оваа работилница е развивање на свеста на новинарите за општествените услови и импликации поврзани со информациските и комуникациските технологии во Македонија, нивно едуцирање и запознавање со теми кои би можеле да ги обработуваат во својата новинарско-истражувачка работа, и на тој начин да придонесат за развој на информатичкото општество.
Предавачи на работилницата ќе бидат претставници од релевантни институции и стручни лица од земјата и странство.
Заинтересираните за учество треба да ги исполнуваат следните услови:
- Моментално да работат како новинари за некоја медиумска куќа во Македонија, или да се студенти по новинарство
- Да пополнат онлајн пријава на сајтот на Метаморфозис (www.metamorphosis.org.mk) најдоцна до 31 октомври 2003 година.
Селекцијата на кандидатите ќе се врши според содржината на пријавите. Пријавените учесници за резултатите на изборот ќе бидат известени до 7 ноември 2003 г.
Котизацијата, трошоците за престој и организираниот превоз ги покрива ФИООМ.
За повеќе информации заинтересираните може да се обратат во ИКТ центарот Метаморфозис, на телефон 02/3109 325 или на: angela@metamorphosis.org.mk (лице за контакт: Ангела Несторовска). |