Заеднички фронт – синдикални демонстрации во Словенија
Во прогласот на Сојузот на слободните синдикати на Словенија ЗССС (ЗССС) под наслов „Зошто демонстрации?” јасно се артикулира потребата токму за нив во овој момент, кога се случува еден вид на друга словенечка транзиција. Или, пак, прва права, по едно десетолетие на одложена транзиција. Па, доколку првата, со и без наводници, помина релативно мирно (и покрај тоа што за избришаните помина фатално), особено поради суровата варијанта во соседството, сега, со новиот круг на отворање, сето тоа што е стекнато, сите извојувани битки, за „работозависното население” може да дојде или доаѓа во прашање.
Да, постојат најмалку две Словении, а потоа веројатно и многу повеќе такви. Но, овој пат не се работи (само) за политичка позиција и опозиција. Се работи за Словенија со позитивни економски показатели, економски пораст и пораст на продуктивноста, намалување на стапката на невработеноста, од една страна. Во сигурната заветрина на тие показатели живее еден привелигиран слој натплатени претприемачи, директори и сопственици на капиталот.
Но, тоа е само едната страна од медалата. Од друга страна, во некоја друга Словенија живеат 242.000 жители чиј месечен приход е помал од 440 евра. Сe повеќе вработени примаат минималец, кој изнесува 538 евра. 119.973 пензионери живуркаат со пензија помала од 400 евра, а бројот на млади на кои им треба социјална помош е сe поголем. Во политички евроатлантски интегрираната Словенија, платите на работниците не се евроатлантски, а тешко дека ќе бидат. Со тие податоци и Одборот за млади на Сојузот на слободните синдикати на Словенија (Звезе Свободних синдикатов Словеније, ЗССС) ги повика сите на љубљанските демоснтрации, кои, во организација на ЗССС, се одржаа во саботата на 17 ноември 2007. г. Овие немирни, но и ненасилни, работнички протести беа примерно организирани и на нив активно се јавија сите синдикати од т.н. приватен сектор во Словенија, обединети во синдикалниот сојуз. Споменатиот ЗССС го сочинуваат обединетите гранкови синдикати за сообраќај и врски и комунални работи, металната и електро-индустријата, текстилната, хемиската и неметалната индустрија. Тука беше и синдикатот на работниците во трговијата, енергертиката, градежништвото, дрвната индустрија, прехранбената индустрија, финансиските организации, угостителството и туризмот, дрвната индустрија, занаетчиите и пензионерите. Не изостана ниту синдкатот на културните работници, оној на воспитание и образование, спортистите, пожарникарите.
Во целото збиднување тоа судбоносно претпладне може не е најбитно колку десетици илјади луѓе организирано беа присутни, и покрај тоа што во синдикалната логика и тие бројки се битни, зашто буквално ја покажаа силата или слабоста на движењето. Од цела Словенија со автобуси доаѓаа стотици и стотици, претворајќи се во една маса од илјадници, а оваа, пак, во маса од десетина илјади луѓе. Организаторите излегоа со конечна бројка од 70 илјади, полицијата со онаа од „само” 17 илјади присутни. Доколу вистината е на средината, пак е импозантно.
Но, прокрај бројката, т.е. квантитетот, битен беше и квалитетот, т.е. свеста на луѓето за настанот. А, таа беше на завидно, се осмелувам да кажам, за некои други држави од постјугославија, моментално и на недостижно ниво. Сето тоа не значи дека треба да бидеме заговорници на некој натпревар (за војните да не зборуваме) на новосоздадените држави и општества, во сe, па и во работничката (само) организираост, во стилот кој и во тоа е предводник во регионот итн. и слично. Токму спротивното: „работничкиот принцип” е лек и за затруените меѓунационални односи, тоа во Љубљана им беше јасно на присутните претставници на синдикатите од повеќе постјугословенски држави. Ако воопшто некојпат хрватското знаме функционираше во позитивен контекст, како знак на меѓународна работничка солидарност, а не националистичка тврдоглавост, тоа беше во ова љубљанското синдикално претпладне. Го носеше делегацијата на Сојузот на самостојните синдикати на Хрватска СССХ (СССХ), предводена од Ана Кнежњвич. Беше тоа пример на работа на помирување (и повеќе од тоа, пример на солидарност), крај на јаловата идеологија на „подбуцнувања за помирување” на бирократизираните и „националистичките” организации на граѓанското општество. Барем за еден момент, работникот и работничката ги препознаа соборците работници од другите држави и таа вклучувачка идентификација ја надви онаа националната, која овде премногу чсто се среќава како исклучувачка. На виделина на класната свест темнината на националистичката исклученост ја снемува како вампир изложен на дневна светлина, што всушност и е тоа. А тоа не е единствен пример на солидарност, што тој ден на дело се случуваше во Љубљана. Затоа што стануваше збор и за меѓугенерациска, меѓуслојна, животно-стилска солидарност, да не речеме за „помирување”. Затоа што демонстрантите не се мират, демонстрантите не го нормализираат дискурсот! Токму спротивното - тие се борат, макар и половично и недоречено, против нормализирање на експлоатацијата. И тоа е одличен пример како еден партикуларен идентитет, оној работничкиот, е способен за универзализација, повеќе од оние политички конкретни лажни обопштености.
А, класната свест, тој поим од кој во Хрватска сите бегаат како ѓавол од темјан, тој ден, за разлика од оние за кои и кај нас сe уште важи она за „бусинесс ас усуал”, беше на висина. Тоа се виде и од барањата кои синдикатите службено ги истакнаа, а уште повеќе и од паролите, однесувањето и говорот на учесниците и учесничките на демострациите, кои тие барања понекогаш ги надминуваа, а понекогаш дури им се спротивставуваа. Секако, имаше спротивни примери: оние на себичните неколегијалности на борците само за својата плата, а без чувство за положбата на оние кои, на пр., ниту немаат плата. Но, општ е впечатокот, тие беа во малцинство.
Во прогласот на Сојузот на слободните синдикати на Словенија ЗССС (ЗССС) под наслов „Зошто демонстрации?” јасно се артикулира потребата токму за нив во овој момент. Затоа што на дело е еден вид друга словенечка транзиција. Или прва права, по едно десетолетие на одложеност. Па, доколку, да ја наречеме првата, помина релативно безболно (и покрај тоа што за избришаните фатално), особено поради суровата виаријанта во соседството, сега, со новиот круг на „отворање”, или евроатланско „интегрирање”, сето тоа под водство на Јаншовите националисти, сето тоа што е стекнато, сите извојувани битки, за „работозависносто население”, може да дојде или доаѓа во прашање.
|
|