Мрежа за култура и уметност на ОСИ, Њу јорк

Кастинг на таленти за Роми

Проектот за културна партиципација на Ромите објави иницијатива за Кастинг на таленти. Проектот е компонента на Мрежата за култура и уметност на Институтот Отворено општество (ОСИ) во Њујорк и има цел да спроведе истражување за културата на Ромите и нивниот социјален идентитет.

Иницијативата Кастинг на таленти е покрената за да се откријат непознатите талентирани лица и неафирмираните, но креативни уметници Роми и да се зголеми учеството на ромската уметност на меѓународното културно поле. Се бараат сликари, резбари, ткајачи, обработувачи на метал, поети, писатели, филмски творци, танчари, музичари и продуценти, за да се оформи база на податоци на современата уметничка сцена на Ромите.

На повикот можат да се јават поединци и организации од Албанија, од Босна и Херцеговина, од Бугарија, од Хрватска, од Косово, од Македонија, од Молдавија, од Црна Гора, од Романија, од Чешка, од Естонија, од Унгарија, од Летонија, од Литванија, од Полска, од Србија, од Словачка, од Словенија, од Турција и од Украина. Кастингот ќе се спроведе меѓу 15 ноември 2006 и 31 мај 2007.

Заинтересираните можат да се пријават на следната адреса: Тимеа Јунгхаус, Програм Оффицер, Рома Цултуре Партиципатион Пројецт, Артс анд Цултуре Нетњорк Програм, Опен Социетѕ Институте Будапест, Будапест, 1051 Октoбер 6. у.12., Хунгарѕ, или пак на е-маи адресата тјунгхаусЖоси.ху.  На оваа електронска адреса можат да се добијат подетални информации за проектот. Рокот за пријавување е 31 октомври 2006 година.      

 

М.И.