ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Европска година на едукација преку спорт
Наредната, 2004 година, Европската комисија ја прогласи за година на едукација преку спорт. По тој повод, Европската комисија ќе организира и поддржи повеќе иницијативи кои ја промовираат образовната вредност на спортот.

Ќе бидат поддржани иницијативи на државните администрации, агенции, институции, локалната самоуправа, училиштата, универзитетите и други организации. Целите на оваа иницијатива се: да ја подигне свеста за важноста на едукацијата преку спорт, да ја поттикне соработката на ова поле во Европа, да поттикне волонтерска работа и неформално образование, размена на деца и ученици, да постигне подобар баланс меѓу интелектуалните и физичките активности во училиштата и други.
М.И.
|