коментар

Информираноста - право и потреба на граѓаните

Стануваат ли граѓаните на Македонија с$ посвесни за потребата од информации што с$ се случува во општеството во кое живеат, каде одат нивните пари, која е и каква е одговорноста на надлежните на државно и на локално ниво за развојот на земјата и за нејзината иднина?

Се изградија ли нови генерации граѓани кои многу побрзо и посмело реагираат на потребата од приклучок кон другиот  дел од светот преку ин­форматичката комуникациска технологија, гра­ѓани кои тоа гласно и аргументирано знааат како и да го побараат? Несомнено, да. Во овој септември медиумите информираа за заинтересираноста на граѓаните да дадат свој придонес во до­несувањето на неопходниот Закон за слободен пристап до информации, за усвојувањето на Националната стратегија за развој на ин­фор­ма­тичкото општество од страна на Парламентот, како и за одржувањето на конференцијата “И Ма­ке­донија 2005”, под покровителство на претседателот на државата, Бранко Црвенковски. Беа пренесувани ставовите на граѓаните, нивните прашања до власта, кои во недостаток на потребната законска регулатива што треба да ги канализира истите до вистинското место и да им обезбеди навремен и точен одговор, најчесто остануваат неупатени, но присутни во домовите, на јавните места, во медиумите, често без вистинскиот ефект. 

Во овој дел од векот, кога потребата од информираност е исклучително право и потреба на гра­ѓа­ни­те за нивно интегрирање во сите сегменти на заедницата, од што и зависи нејзиниот развој, и на македонските граѓани им се потребни отворени полиња, каде што ќе можат да ги искажат сво­и­те потенцијали.

Демократизацијата на општеството зависи и од слободниот пристап до информации, од отво­ре­нос­та кон светот, од држењето чекор со слу­чу­вањето надвор од нашите граници. Тоа го знаат граѓаните, не секогаш поради  вграденото ниво на образование, често и поради  вграденото животно искуство. 

Катерина Богоева