МЕДИУМИ
МИМ “World Press Photo 2002” На 12 декември оваа година, во Музејот на современа уметност – Скопје, беше отворена годишната изложба на новинарска фотографија “World Press Photo 2002”. Иложбата ја организира Македонскиот институт за медиуми и “World Press Photo”, со поддршка од Музејот на современа уметност - Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Изложбата содржи 160 фотографии од конкурсот за најдобра новинарска фотографија за 2002 година, што World Press Photo ја организира секоја година. Фондацијата “World Press Photo” е основана 1955 година со цел да го поддржи развојот на независната новинарска фотографија. Секоја година World Press Photo распишува конкурс за најдобра новинарска фотографија, издава книга и организира изложба на фотографии кои претставуваат историски документи за најзначајните светски настани во годината. Овогодишната изложба на “World Press Photo” досега беше поставена во околу 70 сали, во 35 земји од светот, а ја посетија повеќе од милион посетители. Изложбата ќе биде отворена од 12 декември 2002, до 7 јануари 2003 година. Г.Ш.
|