Како е регулирано плаќањето данок кога се ангажира странско правно лице?

Даночен третман на задржаниот данок на добивка

Согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот, приход од вршење услуги на истражување и развој е приходот остварен од базни и технички истражувања, лабораториски и други услуги, проекти и елаборати (освен оние кои се однесуваат за инвестиции чија реализација е во тек), котизации и семинари, услуги на пропаганда, истражување на пазарот, огласување во медиуми, саемски приредби, промоција на производи во странство, анкетирање на јавното мислење.

Според изнесеното, приходите што ги остварува странско правно лице од котизации и организирање семинари кои имаат за цел стекнување ново и стручно знаење во насока на истражување и развој на производи, материјали, средства, процеси, системи или услуги, добиваат третман на приходи од извршени услуги за истражување и развој, па според тоа, тие се предмет на оданочување согласно одредбите од Законот.

Согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот, приходи од вршење финансиски услуги се сметаат приходите на странско правно лице остварени од: 1) издадени гаранции и други видови обезбедување; 2) камати од финансискиот лизинг; 3) трговија за своја сметка или за сметка на клиентот, било на берза, преку шалтер или на друг пазар, со инструменти на пазарот на пари (вклучувајќи чекови, сметки, потврди за депозити), девизи, дериватни инструменти кои вклучуваат, но не се ограничени на фјучери и опции, инструментите на девизниот курс и каматните стапки, вклучувајќи ги работите како што се снапс, термински спогодби за камати, преносливи хартии од вредност, други преносливи инструменти и финансиски средства, вклучувајќи ги и златните полуги; 4) учество во издавањето на сите видови хартии од вредност, вклучувајќи го и преземањето на ризикот и пласирањето, во својство на агенти, и давањето услуги во врска со тоа издавање; 5) услуги во врска со пресметката и пребивањето на финансиските средства, вклучувајќи ги хартиите од вредност, дериватните производи и другите преносливи инструменти; 6) советодавни, посреднички и други помошни финансиски услуги во врска со сите видови финансиски услуги, вклучувајќи ги препораките за кредитна способност и анализа, истражување и советување за инвестиции и портфолија, совети за преземање и преструктурирање на стратегии на претпријатијата; 7) посредување во осигурувањето и реосигурувањето (активности на брокери, осигурителни и брокерски друштва и агенти), консултантски услуги, актуарски услуги и услугите во проценување ризик.

Во конкретниот случај, за видовите услуги што ги наведувате, даночен обврзник е странското правно лице како примател на средства од дадената услуга, па според тоа, обврските врз таа основа не би требало да паднат врз товар на домашните субјекти кои се должни само да го задржат и уплатат данокот, па според тоа, задржаниот данок претставува трошок на странското правно лице за приходите што ги остварува истото од извршената услуга на територијата на Република Македонија.

Капиталната добивка остварена од продажба на хартии од вредност не е предмет на задржувачкиот данок.

7. Како приходи од вршење финансиски услуги се сметаат и приходите од услугите на процесинг (обработка на податоците) на кредитни картички согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот.

8. Како приходи од вршење технички услуги се сметаат и приходите од услугите поврзани со материјалните средства, како што се наведените согласно со членовите 5 и 6 од Правилникот.

9. Во периодот до објавување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување, сте биле во обврска да ги почитувате пропишаните одредби во Законот.

Со објавувањето на Правилникот за данокот на добивка се уредува начинот и постапката на пресметување, плаќање и враќање на задржаниот данок, начинот на примена на меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување, па според тоа, странското правно лице може во рок од три години од истекот на годината во која е исплатен приходот да достави до Министерството за финансии – Управа за јавни приходи – Регионална дирекција, во која припаѓа исплатувачот на приходите, заверен образец заради поврат на натплатениот данок во однос на данокот којшто согласно одредбите од договорот за одбегнување на двојното даночување требало да биде платен.
 

(Мислење на Министерството за финансии, број 10-2973/1 од 15.01.2007 година)

 
Прв дел