ЕВРОПСКА КОМИСИЈА ПРОТИВ РАСИЗМОТ И НЕТОЛЕРАНЦИЈАТА

СРЕДБА СО МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА
 

За време на третата рунда низ државите-членки на Советот на Европа којашто ја спроведува ЕЦРИ (Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата), за време на посетата во Бугарија таа побара да се сретне со претставници на македонското малцинство.

Претставниците на ЕЦРИ имаа средба со македонските организации од пиринскиот регион - ОМО Илинден-Пирин, ОМО Илинден и Асоцијацијата на исламизирани Македонци. Тие на Комисијата и пренесоа дека офи­цијална Бугарија одбива да им го признае на Македонците, како и на другите етнички малцинства во оваа држава, правото да добијат малцински статус со свој посебен етницитет, јазик, култура и религија.

М.И.