ПОДОБАР ПРИСТАП НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ 

Коментарот на Законот преведен на англиски

МЦМС го издаде Коментарот на Законот за здруженија на граѓани и фондации и со англиски превод. Со тоа, информациите за овој акт се достапни и вон границите на Македонија.

Во публикацијата како прилог е вметнат и текст за регулативата наменета за невла­дините организации на Косово. Изданието е дистрибуирано до поголемите странски невладини организации во Македонија, странските партнери на МЦМС,  невладините организации во соседните и другите држави од регионот и до амбасадите во Македонија и македонските амбасади во странство.