календар
4-5 март
Регионална конференција
Регионална конференција на тема “Соработката на владите со граганскиот сектор”, во организација на Одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат во Владата на РМ.
8 март
Светски ден на жената
Прославата на Денот на жената кај нас го губи своето значење, поради што е потребно да се потсетиме дека тој всушност ја симболизира борбата на жените за рамноправност во општеството.
21 март
Денови на пролетта и екологијата
Првиот ден на пролетта, од пред десетина години, по иницијатива на весникот „Нова Македонија”, се прославува како почеток на деновите на екологијата.
22 март
Светски ден на водата
Водата претставува најважен природен ресурс на нашата планета. Сепак, тој ресурс се позабрзано се загрозува – водите се загадуваат, пресушуваат извори поради глобалното затоплување.
27 март
Ден на театарот
Овој датум се прославува како светски ден на театарот. Уште од античките времиња, оваа уметност се негува како една од најомилените и е разбирлива и достапна и до најшироките народни маси.
|
|