Е-АКТИВИЗАМ
Активист со само еден клик!
Технологијата ИТ воведува нови, евтини и ефикасни начини на кои граѓанските организации ќе им бидат достапни на обичните граѓани кои сакаат да поддржат вредни цели, но немаат пари, сила или едноставно време за тоа.
Како прво, интернетот на граѓанските организации им нуди нов и интерактивен начин за да се претстават себеси преку отворање веб-страници кои ќе нудат информации за самите нив, нивните програми и активности. За нивните корисници, ова претставува не само нов, туку и поедноставен и побрз начин за пристап до информациите за една организација на една локација. Како второ, интернетот нуди атрактивни и евтини начини за овие организации да привлечат луѓе кои во секојдневниот живот се преплавени со информации на работното место, во домовите итн. Освен тоа, оваа опција е погодна и поради фактот што им дозволува и на организациите и на корисниците да ги избираат само оние информации кои се од нивни интерес.
Постојат, исто така, и веб-страници е-активизам коишто се специјализирани во таканаречениот сајберактивизам. Сајтот www.eaktivist.org е еден од оние кои работат на поддршка на елекронскиот активизам и граѓанското учество со обезбедување збирка на едноставни и лесни за користење прогресивни електронски акции и алатки за е-активистите. Интернетот несомнено станува една неопходна алатка за граѓанските организации.
Т.Х.
|