календар

8 Октомври: Да ја чуваме природата

Осми октомври е Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата. Активностите на човекот и природните катастрофи (а голем дел од нив се повторно индиректно предизвикани од луѓето) се причините за уништувањето на природата – да работиме против нив!

11 Октомври: Ден на антифашизмот
Ова е ден кога човештвото треба да ја манифестира својата решеност да му се спротивстави на фашизмот, како едно од најголемите зла на современото општество.

12 Октомври: Амортизирање на природните катастрофи

Поплавите, ураганите, сушите се секојдневно причина за уништување на илјадници животи и добра. Меѓународниот ден за намалување на штетите од природните катастрофи има цел да ги поттикне активностите за „амортизација” на нивните последици – а превентивата, како и секогаш, е најдобриот начин за тоа.

15 Октомври: Денес пешачете

Овој датум е прогласен за Меѓународен ден на пешачењето. Возилата треба да останат во гаражите, а за транспорт да се користат јавниот превоз или велосипедите. Уште по­добро – ролерките, тротинетите или пак сопствените нозе.

15 Октомври: Светски ден на слепите лица

На овој ден треба да се потсетиме на нашата обврска да им излеземе во пресрет на оние кои се надарени со едно сетило помалку – слепите и слабовидните. Постојат низа начини да им се помогне и олесни - еден добар пример е Тактилната изложба на ремек-делата од Лувр, која е во тек во Музејот на Македонија.

16 Октомври: Светски ден на храната

16 Октомври: Светски ден за борба против сиромаш­тијата и Светски ден против гладта

24 Октомври: Ден на ООН

24 Октомври: Светски ден за развој на информациите

31 Октомври: Меѓународен ден на Црното Море